Чист дом = повеќе алергии и болести. Чувајте миленичиња и јадете храна која паднала на под!

Алергиските болести, како и интолеранцијата на одредена храна земаат сé поголем замав во современото општество, и кај децата, и кај возрасните.

za-pojak-imunitet-ne-bidete-ospednati-so-chistenje-i-chuvajte-milenichinja-01.jpg

Докторите велат дека тоа се должи на претераната опсесија сé да биде беспрекорно чисто и на животот во стаклено ѕвоно кој им го наметнуваат родителите на децата.

На тој начин, тие не доаѓаат во контакт со одредени микроби кои се клучни за правилно функционирање на имунолошкиот систем.

Докторите тврдат дека до 2021-ва година, скоро секое дете ќе има некаков здравствен проблем уште од раѓање. Многу лекари велат дека домашните миленичиња во домот ги штитат децата да не заболат од астма во иднина, а се препорачува да чуваат милениче и оние кои имаат дерматит.

Ако децата растат со домашно милениче, особено куче, тие се изложени на бактерии уште од рана возраст, па поради тоа развиваат силен имунитет и се поотпорни на алергии и слични здравствени проблеми.

Малку е познато и дека алергиите настануваат поради брза храна, пушење и зрачењето од мобилните телефони, денес повеќе од кога било порано, кога за алергии требало да се имаат генетски предиспозиции.

chist-dom-povekje-alergii-i-bolesti-chuvajte-milenichinja-i-jadete-hrana-koja-padnala-na-pod-02.jpg

Хигиената е исто така причинител на разни болести, но не само лошата хигиена, туку и добрата. Според истражувањата, луѓето во сиромашните земји не заболуваат од болестите на луѓето во поразвиените земји.

Имено, таму каде што има изложеност на паразити поради лоши хигиенски услови, се развиваат други болести, но не и алергии, астма и автоимуни болести, за разлика од побогатите земји каде секој втор има вакви проблеми.

Оваа теорија објаснува дека понекогаш, треба малку да се извалкаме и да ги оставиме децата да си играат надвор, со цел да се развие посилен имунитет.   

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg