Зачинета храна и многу супи: Здрави навики од различни земји во светот

Сите земји си имаат свои навики и начин на живот кој функционира за нив. Добро е кога можеме нешто да научиме и да прифатиме како корисно и за нас.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-01.jpg

Додавање зачини во храната и често јадење супа се само дел од здравите навики кои ги применуваат луѓето во различни земји во светот.

Во продолжение, прочитајте уште неколку интересни правила за здрав живот:

Бразил - свежи намирници

Во Бразил, луѓето најчесто јадат свежо овошје и зеленчук: манго, папаја, моркови, целер, како и месо и непреработена храна. Исто така, тие најчесто јадат во друштво бидејќи така побрзо се заситуваат.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-02.jpg

Франција -  квалитетна храна во мали порции

За французите, нема „забранети“ намирници. Тие јадат сирења, кашкавали, леб и слатки, но во ограничени количини. Внимаваат порциите да бидат мали, но со квалитетни намирници.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-03.jpg

Кина – многу зеленчук и зелен чај

Кинезите во својата исхрана вклучуваат многу зеленчук и риба, а на нивното мени речиси секој ден се зеленчуковите супи. Едни од основните намирници на Кинезите се зелен чај и ориз. Тие јадат бавно и контролирано и воопшто не се оптоварени со броење калории.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-07.jpg

Индија – зачинета храна

Индијците веруваат дека зачините го подобруваат вкусот на секое јадење, па така за нивната кујна карактеристични се зачини како шафран, ѓумбир, кари, куркума и слично. Освен што го подобруваат вкусот, дел од овие зачини се корисни и за зајакнување на имунитетот.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-04.jpg

Шпанија – здрави ужинки

Во Шпанија е популарна медитеранската исхрана која се базира на риба, овошје, маслиново масло и слично. Шпанците сакаат за ужинка да јадат овошје и зеленчук и ретко консумираат пржена храна.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-06.jpg

Шведска – исхрана богата со млечни производи

Швеѓаните не користат многу овошје и зеленчук во исхраната, но затоа консумираат многу млечни производи. Во Шведска речиси и да нема луѓе со прекумерна тежина, а тоа се должи на внесот на калциум и влакна кои ги има во млечните производи.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-05.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Која е разликата помеѓу испукани капилари и проширени вени и дали се опасни? Иако изгледаат слично, испуканите капилари и проширените вени се различни појави...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да ја охрабрам пријателката да не се плаши од развод од сопр... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
7 секојдневни навики што ни штетат на менталното здравје (а не сме свесни за тоа) Сите имаме некои навики што секојдневно ги повторуваме, а воопшто не сме ниту св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg