По 60-тата година има 14% поголеми шанси да умрете на роденденот, отколку на кој било друг ден

Истражување спроведено на повеќе од два милиони луѓе откри дека е поверојатно да умреме на нашиот роденден, отколку на кој било друг ден во годината.

po-60-tata-ima-14-procenti-pogolemi-shansi-da-umrete-na-rodendenot-otkolku-na-koj-bilo-drug-den-01.jpg

Откриено е дека на тој ден е зголемена стапката на срцеви удари, мозочни удари и самоубиства, па затоа родендените се едни од најсмртоносните денови во годината.

Истражувањето спроведено од Универзитетот од Цирих дојде до резултати дека луѓето над 60-тата година имаат за 14% поголема веројатност да умрат на големиот ден, а овој процент се зголемува за шокантни 44% доколку станува збор за роденден во есен.

И канадско истражување потврди дека шансите за инфаркт се поголеми на роденденот, особено кај луѓето со висок крвен притисок.

Има две претпоставки околу причините:

- Едната посочува на јадењето и пиењето во прекумерни количини на родендените.

- Другата причина е плацебо ефект, односно фактот што токму на денот на роденденот размислувате колку сте стари и помислувате на смртта.

Но, не треба да се грижите само за родендените. Истражувањата покажуваат дека 5% повеќе луѓе умираат од природна смрт на Нова Година, отколку на кој било друг ден од годината.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Која е разликата помеѓу испукани капилари и проширени вени и дали се опасни? Иако изгледаат слично, испуканите капилари и проширените вени се различни појави...
Зошто не треба често да пиете аспирин на своја рака, без препорака од лекар? Многу (најчесто повозрасни) луѓе имаат навика да пијат аспирин на своја рака бид...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg