Како да го зачувате здравјето додека летате со авион?

Летањето со авион е еден од најбрзите и најудобни начини за патување. Освен што се брзи и удобни, авионите секогаш изгледаат чисто, средено, со добар распоред и насмеани членови на екипажот.

kako-da-go-zachuvate-zdravjeto-dodeka-letate-so-avion-01.jpg

Но, иако околината во авионот изгледа совршено, сепак има големи шанси за заразување, повеќе од кое било друго место, а и бактериите се шират многу полесно.

Па, доколку сакате останете здрави и да немате проблеми, кои можеби се ретки, но сепак се појавуваат при летовите, прочитајте ги следниве совети и проверете колку од нив ги правите погрешно:

Избегнуавјте да летате со скршеници на екстремитети

Вообичаено, авионот лета на 10.000 метри височина, бидејќи воздухот е потенок, но притисокот во воздухот е многу понизок отколку на земјата. Заради тој притисок, циркулацијата во екстремитетите може да биде забавена, што ќе резултира со оток, а тоа може да доведе и до други проблеми.

kako-da-go-zachuvate-zdravjeto-dodeka-letate-so-avion-02.jpg

Избегнувајте ги бактериите од перниците и ќебињата

Перничките и ќебињата се користени повеќепати, па тие се преполни со бактерии, бидејќи постојат верувања дека во некои авиони тие не се перат редовно. Дури и ако ќебето е испрано, ќе биде чисто само за оние кои први ќе летаат со авионот, а за оние во вечерните летови е веќе ризично.

Затоа е најдобро да си носите свое ќебе, како и перничка за потпирање.

kako-da-go-zachuvate-zdravjeto-dodeka-letate-so-avion-03.jpg

Не ги допирајте устата, носот, очите

Обидете се да избегнувате да го допирате лицето, бидејќи на овие делови најлесно се пренесуваат бактериите кои чекаат да влезат во телото. Дури и миењето раце не помага кога сте во околина каде тие се во голем број.

Ако не можете да се одвикнете од оваа навика, секогаш имајте средство за дезинфекција и чистење на рацете на база на алкохол.

kako-da-go-zachuvate-zdravjeto-dodeka-letate-so-avion-04.jpg

Намалете го ризикот од грип преку држачите и послужавниците

Некои авиони наводно се чистат целосно дури после 30 дена, што значи дека никогаш не може да знаете дали сте влегле во свежо исчистен авион или не. Ако претходните патници имале грип, шансите дека и вие ќе се заразите се големи. Посебно, преку држачите за раце и послужавниците за храна.

А, некои од персоналот во авионите, наводно тврделе дека виделе како некои патници ги користеле послужавниците за да имс менат пелена на децата или за да си ги сечат ноктите.

Затоа, секогаш со вас носете антибактериски влажни марамчиња и избришете ги сите површини околу вас.

kako-da-go-zachuvate-zdravjeto-dodeka-letate-so-avion-05.jpg

Одржувајте хидратација за да спречите синусни инфекции

Воздухот во авионот може да биде до 55% посув од било која надворешна средина. Вашата заштитна мембрана и синусите може исто така да се исушат, па со то а може да станете поранливи за развивање на синусни инфекции или настинки.

kako-da-go-zachuvate-zdravjeto-dodeka-letate-so-avion-06.jpg

Носете маска за лице ако имате слаб имунитет

Дури и за време на краток лет, сепак сте во затворен простор каде бактериите постојано се шират, па ако имате слаб имунитет склон на настинки, грижете се за себе и носете маска. На овој начин ќе се заштитите и себеси, но и останатите, ако вие сте болни.

Купувајте спакувани маски и пред да ја ставите, секогаш мијте ги рацете или намачкајте ги со средство за дезинфекција. Откако ќе ја фрлите маската, повторно измијте ги рацете.

kako-da-go-zachuvate-zdravjeto-dodeka-letate-so-avion-07.jpg

Променете го распоредот на спиење

Ако планирате да летате некаде каде што временската зона е различна, ќе ви биде потребно да се навикнете на распоредот за спиење и јадење. Во зависност од временската зона, неколку дена пред летот, легнувајте си некој час порано или подоцна. Така телото полесно ќе се приспособи на промената.

Исто така може да го промените часовникот според зоната во која ќе патувате и да се водите според тој распоред.

kako-da-go-zachuvate-zdravjeto-dodeka-letate-so-avion-08.jpg

Спречете лоша циркулација на крвта

Седењето во една положба предизвикува бавно течење на крвта низ вените, а лошата циркулација може да предизвика отекување и вкочанетост. Носењето тесни панталони исто така предизвикува лоша циркулација.

Затоа, бирајте пријатна и удобна облека и обидувајте се да го раздвижувате телото за време на летот.

kako-da-go-zachuvate-zdravjeto-dodeka-letate-so-avion-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Која е разликата помеѓу испукани капилари и проширени вени и дали се опасни? Иако изгледаат слично, испуканите капилари и проширените вени се различни појави...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg