Еднаш и засекогаш – дали кафето е полезно или штетно по здравјето?

Го започнувате ли денот со шолја топло кафе, проследено со втора шолја, а потоа околу 15 часот пиете и трета, со цел полесно да го дочекате крајот на работно време?

Dali-kafeto-e-polezno-ili-stetno-po-zdravjeto-01.jpg

Понекогаш се грижите дека консумирате премногу кофеин и дека можеби треба да го намалите? Не. Последните научни истражувања потврдуваат дека треба да пиете повеќе, а не помалку кафе.

Ова можеби изгледа како изненадувачки заклучок од страна на истражувачкиот тим предводен од Џузепе Гросо од Универзитетот во Катанија во Италија.

Тој и неговиот тим анализирале 127 студии за потрошувачката на кафе и секоја од нив ја рангирале согласно истражувачките методите и веродостојноста на извлечените заклучоци.

Имале сосема едноставна цел: еднаш и засекогаш да утврдат дали кафето е лошо за нас како што тоа го покажале некои истражувања, или, всушност, е добро и полезно како што покажале и други студии истовремено.

„Невозможно е да живееме во 2017 година и сè уште да се бориме со одлуката дали кафето е здраво или нездраво“ изјави Гросо како предводник на тимот за обемното минатогодишно истражување.

Борбата е конечно завршена и имаме дефинитивен одговор. Кафето е добро за вас, освен ако сте неродено дете, во чиј случај (и вашата мајка) треба да го сведе кофеинот на минимум.

За сите останати, кафето има импресивни придобивки. Тоа може да го намали ризикот кај некои од најчестите видови на рак, како што се ракот на дојка, ракот на дебелото црево, ендометријалниот рак и ракот на простата. Исто така, кафето го намалува и ризикот од кардиоваскуларни болести и го намалува ризикот од дијабетес тип 2 и Паркинсонова болест за 30%.

Не е никакво чудо, како што покажаа некои истражувања дека алкохоличари имаат тенденција да живеат подолго од оние кои не пијат кафе. Има долго објаснување за сите овие бенефити, но тука е кратката верзија: Како и зелениот чај и темното чоколадо, така и кафето е полно со антиоксиданти.

Но, најдобрата вест од истражувањето е количината на кафе која дневно треба да пиеме.

Имено, потврдено е дека три до четири шолји кафе дневно нема да ве повредат. Тоа се околу 400 милиграми кофеин, односно идеалната дневна доза на кафе за вашето здравје, освен ако не сте бремени.

Сепак, истражувањето на крајот упатува кон една сериозна забелешка.

Ако сте навикнати да го пиете вашата кафе со многу шеќер и млеко, можеби ќе сакате да го намалите првичниот импулс кога ги истурате овие додатоци. Кафето можеби не е лошо за вашето здравје, но шеќерот што го додавате влијае мошне негативно.

Без грижа на совест испијте ја втората, третата па дури и четвртата мала шолја кафе. Само водете сметка на она што го додавате во него.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Симптоми, ризични фактори: Работи што секоја жена мора да ги знае за ракот на јајници Шансите за лекување се драстично поголеми ако ракот на јајници се открие рано. З...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg