Утринско опуштање

utrinsko-opustanje-povekjeВеројатно и самите имате забележано дека од тоа како ќе ви започне денот зависи како ќе се чувствувате преку целиот ден (ако нема големи...

 

...новини или многу стресни ситуации кои би ви го измениле расположението). Затоа вреди да се потрудите денот пријатно да ви започне.

utrinsko-opustanje

Некои ќе се потрудат во кревет да поминат што е можно повеќе време – ќе останат во кревет до последната секунда – но, изгледа се повеќе луѓе откриваат дека всушност повеќе би им одговарало нешто друго.

Истражувањата покажуваат дека сè повеќе луѓе по своја желба се будат порано наутро, за да гледаат телевизија, да сурфаат на нет, да отидат во теретана или фитнес центар.... Дури потоа одат на работа.

Тоа значи дека сè повеќе луѓе се будат порано наутро за да на самиот почеток на денот уживаат во омилените активности, пред да бидат оптоварени со дневните работни обврски.

Психолозите овој тренд го коментираат така што напорот да се стане порано и да се работи нешто што е забавно ќе резултира со тоа што во текот на целиот ден ќе чувствувате позитивна енергија. Нешто слично би можеле и вие да се обидете, колку да видите дали и вам ќе ви годи.

За одење во фитнес клуб (под препоставка дека вашиот фитнес клуб работи толку рано) потребно е да се стане барем еден час порано.

Ако тоа ви е многу пoрано, за почеток навијте го будилникот да ѕвони 15 минути порано. А, тие 15 минути можете да ги искористите за прошетка, ако е времето пријатно, или пак да си сварите чај или кафе и да го испиете пред да тргнете на работа.

Резултатот на оваа постапка најверојатно ќе биде тоа што на работа ќе стигнете поразбудени од вообичаено и со подобро расположение.

Тогаш, кога денот ќе ви почне навистина пријатно, ќе се чувствувате подобро од вообичаено и покрај стресната ситуација на работа и многубројните обврски кои ги имате. Напорот кој го вложувате е мал, а може да доведе до подобро чувство.

Вреди да се проба, зарем не?

Би можело да ве интересира:

Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Зошто никако не треба да го користите Оземпик за слабеење - лекот за дијабетес што е хит кај холивуд... Оземпик е лек за лица со дијабетес тип 2, но многумина, вклучувајќи и кај нас, п...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Што е тоа Хепатит Ц, како да откриете дека го имате и може ли да се излечи? Може да поминат месеци додека заразените со Хепатит Ц откријат дека го имаат, за...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg