Позитивни луѓе околу вас!

opkruzete-se-so-pozitivni-lugje-povekjeВо животот на секој од нас постојат некои личности што се многу позитивни, не инспирираат; по дружењето со нив се чувствуваме полни со енергија.


Постојат и негативни, вечно незадоволни, кои не исцрпуваат и практично ни ја „крадат“ животната енергија.

Кога работите така ќе се постават, се наметнува логичен заклучок со кого треба да се дружиме?

opkruzete-se-so-pozitivni-lugje-1

Секако, тоа не е секогаш лесно. Оние негативните, од кои некои се вистински енергетски вампири, може да бидат луѓе од кои тешко можеме да се изолираме – колеги на работа со кои сме секој ден, блиски членви на семејството и роднини, комшии врата до врата, кои како да „висат на шпиунката“ по цел ден и само чекаат да ја отвориме вратата и да почнат муабет со нас....

Кога тие негативни луѓе се некој што ни е нам близок имаме чувство на вина поради желбата да ги „откачиме“. Кој сака да биде во друштво на личност која што редовно ќе прави да се чувствуваме како претепани?

Не секогаш е можно да се ослободиме од негативните луѓе, но нивното присуство во сечиј живот треба да се сведе на минимум и тоа без грижа на совест.

Со доволно упорност може по максимум 15 минути дружење да им се каже: „Извини, но навистина морам да одам“ (денес кога сите се преотеретени со обврски, тоа не звучи неуверливо-сите постојано некаде брзаат); така да никој не може да ве обвини дека го избегнувате, а вие ја смалувате количината на емотивен отров во својот живот.

opkruzete-se-so-pozitivni-lugje-2Кога се во прашање позитивните луѓе, оние во чие друштво се чувствувате среќно и задоволно, а по дружењето со нив сте полни со енергија, треба да им посветите што повеќе време. Вреди и да ги измените своите планови само за да имате што повеќе време за нив, вреди да се потрудите и тие да се чувствуваат пријатно со вас и да сакаат да бидат во ваше друштво.

Немојте да чувствувате вина ако не одговорите на пораката на некој што ви се обраќа само кога нешто му треба (а му треба постојано). Избегнувајте такви, без оглед на жалопојките дека навистина им треба ова или она (секому нешто му треба, не мораат секогаш вас да ве тормозат).

Наместо ним, посветете им го драгоценото време на оние што навистина се грижат за вас, за кои што знаете дека со задоволство ви помагаат и со кои се чувствувате убаво.

Така, не само што ќе се чувствувате многу подобро, повесело, попријатно и исполнето со позитивна енергија, туку и ќе им го возвратите вниманието на оние што го заслужуваат тоа.

Би можело да ве интересира:

Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Зошто никако не треба да го користите Оземпик за слабеење - лекот за дијабетес што е хит кај холивуд... Оземпик е лек за лица со дијабетес тип 2, но многумина, вклучувајќи и кај нас, п...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...
Како да се ослободите од херпесот на уста? Трикови за брзо и ефективно лекување Досадниот херпес на уста може да биде многу заразен и лесно да се пренесе на дру...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg