Дали можете да направите ПАП-тест додека имате менструација или за време на бременост?

ПАП-тестот е процедура која помага во откривањето на рак на грлото на матката и е особено важен бидејќи раната детекција значи подобри шанси за лекување. Но, дали можете да го правите овој тест додека сте бремени или кога имате менструација?

dali-mozhete-da-napravite-pap-test-dodeka-imate-menstruacija-ili-za-vreme-na-bremenost-01.jpg

ПАП-тестот е процедура за тестирање за рак на грлото на матката (цервикален карцином) кај жените. Раното откривање на рак на грлото на матката со ПАП-тест ви дава поголеми шанси за лекување.

ПАП-тестот исто така може да открие промени во вашите цервикални клетки кои сугерираат дека ракот може да се развие во иднина.

Раното откривање на овие абнормални клетки е вашиот прв чекор во запирање на можниот развој на рак на грлото на матката.

dali-mozhete-da-napravite-pap-test-dodeka-imate-menstruacija-ili-za-vreme-na-bremenost-01.png

Дали можете да направите ПАП-тест за време на бременост?

Многу бремена жени се прашуваат дали можат (или треба) да направат ПАП-тест за време на бременост. Одговорот е да.

Всушност, повеќето лекари препорачуваат да се направи ПАП-тест во раната бременост како дел од рутинската пренатална нега.

Добра идеја е редовно да правите ПАП-тест дури и кога не сте бремени. Вашиот доктор најверојатно ќе препорача да го направите вашиот прв ПАП-тест до 21-вата година или три години по првиот сексуален однос, а потоа на секои три години до 29-тата година.

Ако имате фактори на ризик, односно ако вашата баба, мајка, тетка имале рак на грлото на матката, можеби ќе треба почесто да го правите овој тест, односно секоја година. 

dali-mozhete-da-napravite-pap-test-dodeka-imate-menstruacija-ili-za-vreme-na-bremenost-02.png

Дали можете да направите ПАП-тест додека имате менструација?

Што се однесува до правењето ПАП-тест додека имате менструацијата, можете да го направите, иако можеби не е идеално ако имате многу обилна менструација.

Ако има премногу крв во вашиот примерок, тоа може да ги „замати“ резултатите.

Кога се прави ПАП-тест, гинекологот зема примерок кој содржи клетки од грлото на матката. Потоа се прави анализа на овие клетки со цел да се утврди дали се здрави или има некои промени кои можеби укажуваат на рак или зголемен ризик од појава на истиот.

Поради ова, многу обилната менструација може да биде причина за грешни резултати.

Затоа, најдобро е да се консултирате со вашиот гинеколог пред да закажете преглед.

dali-mozhete-da-napravite-pap-test-dodeka-imate-menstruacija-ili-za-vreme-na-bremenost-03.png

M. Г. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg