Упатство како сами да ги проверите вашите гради за рак на дојка + кои се симптомите?

Можеби изгледа страшно, но запознавањето на нашите тела е најдобриот начин да ги следиме сите промени и да спречиме големи проблеми. 

kako-sami-da-gi-proverite-vashite-gradi-za-rak-na-dojka-01.png

Освен грутка, постојат и други знаци на кои треба да внимаваме кога станува збор за рак на дојка. Ако забележите некој од овие знаци, најдобро е да посетите лекар...

Нема потреба од паника, но убаво е да се консултирате.

Знаци и симптоми на рак на дојка

- Промена во големината или обликот на едната или двете гради

- Нова грутка или област која е подебела од остатокот од градите

- Промена на изгледот или текстурата на вашата кожа

- Црвенило или осип (како егзема), кора или чешање на кожата на или околу брадавицата

- Промена во изгледот на вашата брадавица или испуштање течност од двете брадавици

- Болка во градите или пазувите која останува константна

- Грутка или оток во пазувите или околу вашата клучна коска

kako-sami-da-gi-proverite-vashite-gradi-za-rak-na-dojka-02.png

Упатство како да ги проверите вашите гради за рак на дојка:

- Прво, погледнете ги градите и проверете дали визуелно можете да забележите нешто. 

- Подигнете ги рацете во воздух за да проверите и под пазувите. 

- Потоа, со прстите пробајте да ги почувствувате и притиснете ги градите, пазувите, клучната коска и брадавиците. 

- Ако стекнете навика да го правите ова редовно, брзо ќе дознаете што е нормално за вашето тело, а што не.

- Kолку побрзо се дијагностицира ракот на дојката, толку е поголема веројатноста дека третманот ќе биде успешен.

kako-sami-da-gi-proverite-vashite-gradi-za-rak-na-dojka-03.png

Што да направите ако најдете грутка во градите?

Не паничете

Повеќето жени постојано имаат некои грутки околу градите, а повеќето грутки на дојката излегуваат дека се бенигни (не рак). Постојат голем број можни причини за неканцерозни грутки на дојката, вклучувајќи нормални хормонални промени, бенигна состојба на дојката или повреда.

Не двоумете се да се јавите на вашиот лекар ако сте забележале грутка или друга промена на градите што е нова и загрижувачка

Ова е особено точно за промените кои траат повеќе од еден целосен менструален циклус или се чини дека стануваат поголеми или поистакнати на некој начин. Ако имате менструација, можеби ќе сакате да почекате после менструацијата за да видите дали грутката или другата промена на градите исчезнува сама по себе пред да се јавите на вашиот лекар. 

Знајте што да очекувате

На состанокот за откривање на грутка на дојка, вашиот лекар зема здравствена историја и прави физички преглед на дојката и најверојатно прави тестови за снимање на градите.  Ултразвукот е често првиот или единствениот тест за снимање што се користи за откривање на грутка кај жени кои се помлади од 30 години или се бремени или дојат.

И ултразвукот и мамограмот обично се препорачуваат за да се процени грутка кај жени кои се постари од 30 години и не се бремени или дојат. Доколку е потребно дополнително тестирање, вашиот лекар може да препорача повторно снимање или да ве испрати кај хирург за подобра евалуација.

M. Г. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg