Вирално се шири трик со ставање лук во носот за чистење на синуси – зошто е ова опасно?

„Доколку и мало парче лук остане во носот, тоа може да предизвика поопасна инфекција на носот или синусите за што подоцна може да биде потребна операција“ – велат лекарите за трендот на ТикТок што масовно се шири, а во кој луѓето ставаат лук во носот за да го одзатнат.

lugje-stavaat-luk-vo-nosot-za-da-gi-ischistat-sinusite-zoshto-ova-e-opasno-01.jpg

На социјалните мрежи масовно се шират бизарни видеа со „трик“ за брзо чистење на синусите од вишокот секрет, и за одзатнување на носот. 

Видеото можеби и ќе ве згрози заради количината на секрет што се исфрла од носот по овој трик, но дали навистина помага?

Дел од лекарите во светот реагираат во медиумите дека станува збор за опасна практика што не би требало да се применува.

Фитнес тренерот Розалеин Кетрин од Аризона објави видео во кое покажува како става излупени чешниња лук во носот, чека 10-тина минути.

Потоа таа е изненадена затоа што носот почнува веднаш да ѝ тече и да се ослободува од вишокот секрет.

Ова е тренд што масовно се шири на ТикТок, а луѓето редовно објавуваат видеа со хаштагот #GarlicinNose, кои досега добиле милионски прегледи.

„Не очекував дека ќе функционира и затоа повеќе на шега го снимив видеото. Излупив две свежи лукчиња и ставив по едно во секое дупче од носот.

Го наместив тајмерот на 10 минути и гледав телевизија додека чекав. Не чувствував печење или болка, само придржував за да стои на место.

По 10 до 15 минути чувствував дека носот почнува да ми тече, па затоа го извадив лукот. Бев изненадена од тоа што излезе од мојот нос“ – вели таа.

@t.kavalir87 #stitch with @rozalinekatherine truth #fyp ♬ Coffee Music - Cafe Music BGM channel

Но, пред да почнете да ставате излупен лук во носот за да се одзатнете многу е важно да знаете некои работи.

Ерик Војт, специјалист оториноларинголог од Универзитетот во Њујорк, за New York Post вели дека луѓето се во заблуда и дека лукот не е никаков лек за синуси.

„Телото сака веднаш да го исфрли лукот и неговите хемикалии, па создава поголема количина секрет за да го истурка она што го иритира“ – вели тој и појаснува дека секретот што се гледа дека тече во видеата е нов кој се креирал врз веќе постоечкиот.

lugje-stavaat-luk-vo-nosot-za-da-gi-ischistat-sinusite-zoshto-ova-e-opasno-02.jpg.jpg

Тој вели дека овој трик не само што не помага туку може да има и штетно влијание по здравјето на човекот.

„Лукот е мошне силна супстанца што има хемикалии коишто може да предизвикаат алергиски реакции и да ја оштетат слузокожата на носот или мембраната.

Доколку и мало парче остане во носот, тоа може да предизвика поопасна инфекција на носот или синусите за што подоцна може да биде потребна операција“ – вели тој.

Војт препорачува носот да се чисти со солен раствор и да се прават инхалации по препорака на лекар, но во никој случај да не ставаат лук во носот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg