„Првиот дејт ни беше во јули – месец што подоцна стана „наш“. И двајцата сме родени во јули, се венчавме во јули, а две години подоцна во јули го добивме и Стефан. На 7 месеци врска, веќе и живеевме заедно, а јас, како некој што се залага за родова еднаквост, отсекогаш сум верувала дека одлуката за брак треба да биде заедничка“, вели Нина Ангеловска Станков за љубовната приказна со д-р Виктор Станков.