„Слушај ја наставничката“, крема за сончање и една картичка: Ќерка ми летово првпат оди на камп со другарчиња
- Детали
- вторник, 16 јуни 2026
Секоја година иста приказна во јуни. Од една страна, олеснување - завршија обврските со училиштето, нема станување рано, нема пишување домашно. Од друга страна, паника во главата на секој родител: „А сега, што со децата цели два и пол месеци додека ние сме на работа?“

Годинава, ќерка ми реши дека е „доволно голема“ со своите 9 години за да оди на летен камп во Грција со другарчињата. На мене ми се вртат „триста мисли“ во главата - „Ќе се снајде ли?“, „Што ако и текне дека сака да си оди дома сред ноќ“, „Се надевам нема да прават глупости“, „Што ако ги изгуби парите, a познавајќи ја 100% ќе и се случи нешто вакво“ и секако предлогот на сопругот „Ааа, па ќе се сместиме и ние во близина“ ... и што ли уште не...
Но, таа сака да биде самостојна. И мислам дека ова ќе биде голем чекор за семејството.
Освен „мини аптека“, „памет во глава“, „креми за сончање“, „слушај ја наставничката“, решив да не го расипувам возбудувањето ова лето и плус да ја научам и како да располага со парите кога не е со нас и со сопствената заштеда, затоа што реално до сега, темава баш и не ни беше начната.
Па така, Миа ја доби својата прва Halki дебитна картичка. Уште кога имаше 3 години најголема желба и беше да учествува при плаќање кога пазариме „Може јас да ја дадам картичката и да платам?“, па сега конечно има и своја картичка.
Мал чекор за нив, огромен мир за нас
Морам да признаам, има нешто преслатко (и малку носталгично) во тоа кога ќе го видите сопственото дете како гордо ја вади картичката за да си плати сокче или сладолед, или лектирата која планира да ја чита прва летово. Како наеднаш да пораснало неколку сантиметри во висина.

За мене како родител, Halki е вистински спас за нервите:
- Нема страв од губење: Ако го изгуби паричникот со кеш – парите се отидени. Ако ја изгуби картичката, едноставно ја блокирам преку апликација за две секунди.
- Контрола на „далечинско“: Наместо да и дадам одеднаш поголема сума за цел камп, ќе префрлам џепарлак по потреба. Гледаме точно каде се трошат парите и дали навистина и се потребни дополнителни средства.
Лекција по финансии во неколку минути (без родителско „досадување“)
Сите знаеме дека ако седнеме и почнеме да им предаваме на децата за „штедење“ и „буџети“, веднаш ќе ги превртат очите. Затоа, јас го избрав полесниот пат.
Деновиве интензивно ги гледаме кратките едукативни видеа на Халкбанк кои се соодветно направени за дечиња – разбирливи, забавни и се гледаат во еден здив.
Низ забава и реални примери, научивме две клучни работи кои јас со месеци се обидував да и ги објаснам:
- „Сакам“ не е исто што и „Ми треба“: Сфати дека парите на картичката не се магични и бесконечни, туку дека мора да избере дали ќе ги потроши на петта играчка што ќе ја заборави утре, или ќе ги зачува за нешто поголемо.
- Како да си направи свој „план“: Како сама да си го распореди џепарлакот за да и стигне за сите денови на кампот.
Летото е за спомени, но и за учење
На крајот на денот, нашата работа како родители е да ги подготвиме за светот. Ова лето, дозволете им на вашите деца малку да ја почувствуваат слободата. Пуштете ги на камп, пуштете ги кај баба и дедо, пуштете ги самите да отидат до продавница.
Со Halki картичката во џеб, тие ќе научат како да бидат одговорни со парите, а вие ќе можете мирно да си го испиете кафето, знаејќи дека се безбедни.

Подарете им вештина за цел живот - аплицирајте за нивната Halki картичка уште денес и уживајте во мирно лето!
Среќен распуст на сите родители и дечиња!
фото: pexels.com / AI