Најпосакуваниот српски ерген, Вук Костиќ (46), се ожени во тајност и доби ќерка – љубов му беа Јелисавета Орашанин и Ана Михајловски
- Детали
- вторник, 16 јуни 2026
„Татко ми ја држеше мајка ми како капка во дланка, сакам и јас така, а ми остана уште да се остварам како родител“ – изјавуваше српскиот актер Вук Костиќ, кој на 46 години првпат се ожени и добил ќерка. Тој е познат како „српски дон Жуан“, беше во врска со Ана Михајловски, со Јелисавета Орашанин која неодамна се разведе, Бојана Стефановиќ и со уште многу други убавици.

Вук Костиќ е успешен српски актер, кој освен во театар, глуми и во многу популарни филмови и серии, меѓу кои „Ubice mog oca“, „Dara iz Jasenovca“, „Porodica“ и многу други.
Тој на јавноста ѝ е познат како „српски дон Жуан“, има бурно љубовно минато, а најголеми љубови му беа колешките Бојана Стефановиќ кога била во студентски денови, Јелисавета Орашанин, со која имал речиси 5-годишна врска, како и водителката Ана Михајловски.
Костиќ долго време важеше за еден од најпосакуваните ергени, а сега актерот, на 46-годишна возраст, тајно се оженил и добил ќерка, како што дознава и објавува српски Курир.
Тој се заколнал на вечна љубов кон девојка која не е од светот на театарот и филмската индустрија, а веста ја споделил само со најблиските и со колегите.
Оние кои го следат, знаат дека тој никогаш не се експонирал премногу и приватниот живот го чува далеку од очите на јавноста, а на Инстаграм споделува фотки од претстави, дружби со колегите и од лов.
Во минатото, Вук има зборувано за тоа дека сака да ја пронајде својата сродна душа, но и да се оствари како родител.
„Среќата е во малите работи, не е среќен тој што има многу, туку тој на кој му треба малку. Би било убаво да добијам дете, тоа е единственото што ми е битно.
Се остварив како глумец, не патам да бидам поуспешен. Ги сакам работите кои ги имам, здравјето ми е важно и само уште ми недостасува тоа остварување во улога на родител“ – изјавил во минатото.
Инаку, Костиќ е син на актерот Михајло Костиќ - Пљака, кој бил дел од Југословенскиот драмски театар, а за него има изјавено:
„Пораснав гледајќи складен брак, и сите околу мене имаат таков брак. Бракот е света тајна, кога сте едно.
Луѓето се огледуваат на односите во семејството, на родителите. Татко ми ја држеше мајка ми како капка вода на дланка, би сакал и јас така“.
М. М. | Црнобело