Ана Бекута е свекрва за пример - на бившата снаа ѝ остави куќа, откако таа се разведе од нејзиниот син
- Детали
- петок, 27 јуни 2025
Ана Бекута е свекрва каква што секој ќе посака - иако нејзиниот син Игор се разведе од сопругата Јелена, Ана ја смета поранешната снаа за своја ќерка и е многу блиска со неа.

Фолк-пејачката Ана Бекута, која е и член во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, отсекогаш била дама, на која јавноста ѝ се восхитува.
Но дека е жена со големо срце, ама и свекрва за пример, таа покажа откако на својата поранешна снаа, Јелена Конотар, ѝ ја подари куќата во која таа живеела со синот на Ана, Игор, и нивните деца додека биле во брак.

По разводот на Јелена и Игор, тој се иселил од семејниот дом, а Ана одлучила куќата да ја остави на мајката на нејзините внуци, со кои и денес одлични односи.
Пејачката секогаш отворено велела дека нејзиното семејство ѝ е приоритет, но и дека во сите важни моменти покрај неа освен синот, е и нејзината поранешна снаа.

Пред да се разведат Игор и Јелена, Ана се обидувала на секој начин да ги смири, но не успеала во тоа.
Сопружниците сфатиле дека за нив е најдобро да се разделат, па пејачката на крајот ја прифатила нивната одлука и се обидела да им помогне колку што може.

Таа ја обожава Јелена, но и поранешната снаа не крие дека ја сака и почитува својата бивша свекрва. Тие два се сложувале многу добро од првиот ден.
„Ана ја гледа Јелена како своја ќерка, а нивниот однос е полн со љубов и почит.
Малку се ваквите односи меѓу свекрва и снаа, особено кога снаата ќе стане бивша“, рекол пред неколку години близок пријател на пејачката за српските медиуми.

Според него, синот и снаата на Ана имале турбулентна врска некое време, но денес, години по разводот, се сложуваат многу добро.
Ана, пак, е во постојан контакт со Јелена и тие две се гледаат секогаш кога обврските им го дозволуваат тоа.

Бекута ги обожава внуците, а и тие неа и се исклучително поврзани со својата баба, па таа се труди најдобро што може да им помогне.
„Кога Игор и Јелена се разведуваа, Ана успешно ги реши проблемите меѓу нив.
Откако страстите се смирија, Игор сфати дека неговата мајка е во право, па денес ѝ е благодарен за сè што направи за него, а Јелена е нејзин вистински пријател и некој на кого таа секогаш може да се потпре“, додал пријателот на семејството.

А. Ј. | Црнобело
