„Ти благодарам што ја жртвуваше младоста и животот за нас“ – Анастасија Ражнатовиќ емотивна за роденденот на мајка ѝ Цеца
- Детали
- понеделник, 15 јуни 2026
„Мамо, денес те славиме тебе и денот кога си дошла на овој свет и сакам да ти се заблагодарам за неколку работи... Што жртвуваше толку многу и својата младост и својот живот, за нас. Се радувам на секоја нова животна етапа што нè чека, бидејќи среќа е овој живот да се поминува заедно со тебе“ - напиша Анастасија и објави ретро фотки со мајка ѝ Цеца и братот Вељко.

На 14 јуни, српската пејачка Светлана Ражнатовиќ Цеца, наполни 53 години и покажа дека годините не ѝ можат ништо, бидејќи изгледа подобро од кога било.
По повод нејзиниот роденден, ќерката Анастасија објави емотивна честитка, полна со благодарност за жртвите на нејзината мајка.
Во Инстаграм објавата, таа сподели повеќе ретро фотографии, од Цеца со нејзините деца кога биле мали, моменти од семејни одмори, но и дружби во кафеана со пораснатата ќерка.
Емотивниот текст на Анастасија гласи:
„Мамо, денес те славиме тебе и денот кога си дошла на овој свет и сакам да ти се заблагодарам за неколку работи...
Ти благодарам за сè што направи за нас. Ти благодарам што секогаш ни кажуваше зборови за поддршка, а не за осуда.
Ти благодарам што жртвуваше толку многу, и својата младост и својот живот, за нас.

Ти благодарам што секогаш ти бевме приоритет, иако тоа значело ти да трпиш.
Ти благодарам за секоја грижа, непроспиена ноќ и несебичната љубов која ни ја даваш од денот кога дојдовме на овој свет.

Ти благодарам што нè научи на вистински вредности и израснавме во луѓе какви што сме денес. Ти благодарам што секогаш нè вртеше кон верата и кон Бог.

Ти благодарам на тоа што си, што беше и што ќе бидеш...
Се радувам на секоја нова животна етапа што нè чека, бидејќи среќа е овој живот да се поминува заедно со тебе.

Те сакам засекогаш и сакам да бидеш секогаш среќна, а твојата ќерка е секогаш тука, го знаеш тоа. Среќен роденден мамо!“

M. M. | Црнобело