Цеца открива детали за децата: „Анастасија би направила скандал во кафеана, а Вељко би ги потрошил сите пари во една вечер“
- Детали
- недела, 19 април 2026
Во забавно видео, додека грицки фстаци во приватен авион, Цеца открива детали за децата - вели дека Анастасија многу доцни и подготвена е на скандал во кафеана ако нешто не ѝ е по ќеф, а Вељко би ги потрошил сите пари во една вечер и би ѝ се јавил на мајка си во 4 наутро.

Цеца Ражнатовиќ периодов објавува забавни видеа на кои одговара на прашања, а овој пат, во последната објава, споделува детали за своите деца.
Додека седи во приватен авион, дотерана, нашминкана и со големи очила за сонце, таа грицка фстаци и без многу размислување одговара кој од нејзините деца повеќе го пронаоѓа во прашањето што го добива.
Пејачката споделува кој од Анастасија и Вељко повеќе доцни, кој би направил скандал во кафеана, но и кој би си заминал од семеен ручек само затоа што му е здодевно.
Претходно Цеца има зборувано за тоа дека двете нејзини деца се дијаметрално спротивни, а дека синот ѝ се јавува по 78 пати на ден за секакви работи, дури и кога нема што да ѝ каже по телефон.
Во последното видео, Цеца одговара забавно на следниве прашања:
- Кој би направил скандал во кафеана?
- Анастасија... ако не ѝ е се по волја.

- Кој би ги потрошил сите пари на едно излегување?
- Вељко.
- Кој прв би се скарал со келнер?
- Лидија (сестра ѝ) хахаха.
- Кој би се јавил на мајка му во 4 наутро?
- Вељко.

- Кој би си отишол од семеен ручек затоа што му е здодевно?
- Вељко.
- Кој најдолго би доцнел?
- Анастасија!
- Кој би купил подарок без посебна причина?
- Двајцата.
- Кој би завршил во таблоид за некоја глупост?
- Јас и Вељко. Мислам, без мене дефинитивно не се може, но од двајцата пре би завршил Вељко, и на него му закачија сешто.
Погледнете го видеото:
M. M. | Црнобело