Анастасија Ражнатовиќ и сопругот како од модно списание, а таа го возвишува: „Ти си сè што една жена може да посака“
- Детали
- понеделник, 17 ноември 2025
„Те молам прости ми, не можам да престанам да те сакам... Ти си сè она што една жена може да го посака во партнерот и сопругот. И Бог те прати во мојот живот да ме направиш најсреќна жена на светот...“ - Анастасија Ражнатовиќ го возвишува сопругот и јавно му искажа љубов, а објави фотографии на кои двајцата се како од модно списание и уживаат во брачната идила.

Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг Немања Гудељ изгледа како да живеат во љубовна бајка во Севиља, каде што тој игра за фудбалскиот клуб Sevilla.
Ѕирнете во домот на Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ во Севиља – луксузно опремена вила од 6 милиони евра (фото)
Таа никогаш не штеди убави зборови за саканиот, а овој пат посебно го возвишува.
На 16 ноември Немања наполни 34 години, а Анастасија по тој повод сподели емотивна објава на Инстаграм.
Таа објави повеќе заеднички фотографии на кои двајцата изгледаат прекрасно и заљубено, како да се излезени од модно списание без разлика дали се на настан, забава или во лежерна атмосфера, на некоја луксузна јахта.
Во описот на фотографиите, Анастасија напиша зборови со кои му искажа љубов јавно.
„Please forgive me, I can’t stop loving you…“ – напиша таа како извадок од песната на Брајан Адамс и му ги посвети стиховите со значење „Те молам прости ми, не можам да престанам да те сакам“.

Во продолжение од објавата Анастасија му упатува честитка на сопругот:
„Среќен роденден љубов моја најголема... Ти си сè она што една жена може да го посака во партнерот и сопругот.
И Бог те прати во мојот живот да ме направиш најсреќна жена на светот...
Биди ми секогаш жив и здрав, сè останато заедно ќе постигнеме. Те сакам!“

Повеќе фотографии кои Анастасија Ражнатовиќ ги објави за роденденот на сопругот:





М. М. | Црнобело