Најдобрите бич барови во Шенѓин (на 300km од Скопје e ова албанско летувалиште со пристапни цени)
Ова летувалиште на Јадранското Море има неверојатно пристапни цени, а и модерни бич барови со кревети, балдахини, во бохо стил и со магично зајдисонце... Звучи привлечно, зарем не? Сте го посетиле ли Шенѓин досега?

Шенѓин е крајбрежно туристичко место на Јадранското Море во северна Албанија
Се наоѓа во близина на градот Lezhë, помеѓу Драч и Скадар.
Има околу 7.000 жители, но летно време е преполно со туристи поради долгата песочна плажа, пристапните цени и многуте опции за сместување.
Често е дел од најевтините понуди од македонските туристички агенции, а вистинско изненадување е какви бич барови ќе ве дочекаат таму.
Со удобни лежалки, во бохо стил и со магично зајдисонце.
Сепак, доколку патувате таму, проверете дали нивната сезона е стартувана годинава.