Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за фенирање
Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите од 90-тите, а доброто е што фризурата се прави лесно, така што ќе ја оставите косата да се исуши сама на сонце, или ќе преспиете со плетенки. Опуштено и софистицирано, нели?

Во последно време, многу почесто се враќаат трендови од 90-тите и 2000-тите, дури и од младите кои не го живееле тоа време.
Изгледа како да сакаат да си го доближат тоа за нас засекогаш носталгично бреме, па тоа го прават на секој можен начин, дури и преку модата.
Во светот на убавината, тренд за фризури кој ќе доминира ова лето гласи Нирвана бранови.

Станува збор за брановидна лежерна фризура, инспирирана од Курт Кобејн и Кортни Лав, а изгледа во исто време опуштено и природно, но сепак средено и софистицирано.

Ова лето многу девојки ќе се фокусираат на баланс помеѓу стилизиран и природен изглед, посебно затоа што се прави многу лесно.
За да го постигнете овој ефект, зависно од вашата коса, може да ја оставите природно да се исуши на сонце, па да ја фатите во ниска пунџа и потоа да ја пуштите, или едноставно да преспиете со плетенки кои следното утро ќе ги отпуштите.




М. М. | Црнобело