Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна

Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ставање шампон двапати, како и сушење со топол, па ладен воздух.

viralen-japonski-metod-za-mienje-kosa-ja-pravi-gusta-i-sjajna1.jpg

Иако не треба да веруваме на сите совршени фотки на социјалните мрежи, факт е дека Јапонките скоро секогаш имаат густа и сјајна коса.

Во голема мера ова зависи од генетиката, но влијание има и методот за миење коса што го користат многу девојки и жени од Јапонија.

Изминативе година-две овој метод почна вирално да се споделува и на социјалните мрежи како Инстаграм и ТикТок.

Можеби одзема повеќе време од „обичното“ миење коса, но оние кои го пробале велат дека вреди.

Како да го примените?

Прв чекор: Исчешлајте ја косата

Пред да ја измиете косата, добро исчешлајте ја со мека четка. Почнете од врвовите, па кога добро ќе ги расплеткате, чешлајте ја косата од коренот.

Маслата што ги лачи скалпот ѝ годат на косата, па кога ќе ја исчешлате пред да ја измиете, ќе ги разнесете по целата должина.

Покрај тоа, чешлањето ќе биде и како нежна масажа на скалпот.

Втор чекор: Измасирајте го скалпот со масло за коса

Откако ќе ја исчешлате косата, нанесете масло за коса, како кокосово или од рицинус. Нежно втријте го во скалпот со масажа.

Масажата ќе помогне маслото да се впие во скалпот, а истовремено ќе ја стимулира циркулацијата на крвта. Со текот на времето, ова ќе ја направи косата поздрава.

viralen-japonski-metod-za-mienje-kosa-ja-pravi-gusta-i-sjajna-02.jpg

Трет чекор: Исплакнете ја косата со топла вода

Немојте само малку да ја навлажните косата пред да ставите шампон, туку темелно исплакнете ја со топла вода.

Со ова ќе отстраните поголем дел од маслото, а и шампонот ќе функционира многу подобро.

Важно е водата да не биде жешка бидејќи ова ја суши косата, но и кожата на скалпот.

Четврти чекор: Двапати нанесете шампон

Користете нежен шампон погоден за вашиот тип на коса.

Притоа, не го ставајте директно на косата, туку ставете во дланката, направете пена со дланките, па втријте го во косата.

Нежно масирајте го скалпот неколку минути, па исплакнете ја косата.

Потоа уште еднаш ставете шампон на истиот начин.

viralen-japonski-metod-za-mienje-kosa-ja-pravi-gusta-i-sjajna-03.jpg

Петти чекор: Темелно исплакнете ја косата

Важно е темелно да ја исплакнете косата и на неа да не остане ништо од шампонот.

Откако ќе почне да тече вода без сапуница, плакнете ја уште околу една минута за да се осигурите дека сте отстраниле се.

Шести чекор: Ставете маска или регенератор само на врвовите на косата

Никако немојте да ставате продукти како маска или регенератор на корените бидејќи косата ќе ви се измрси речиси веднаш.

Ваквите продукти нанесувајте ги само на врвовите или до половина од должината на косата.

Оставете да делува неколку минути, па темелно исплакнете со постудена вода.

viralen-japonski-metod-za-mienje-kosa-ja-pravi-gusta-i-sjajna-04.jpg

Седми чекор: Исушете ја косата

Откако добро ќе ја исплакнете косата, немојте да ја триете со крпа, туку само нежно впијте го вишокот влага.

Кога ја сушите, почнете од корените со топол воздух, а потоа по должината сушете ја со студен воздух.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...

Најчитани неделава