Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед
За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која исто така се вклопува во трендот „тивок луксуз“.

Темните црешови тонови прилегаат прекрасно на природни бринети, додаваат длабочина и богат изглед.
Со комбинација на кафеави, чоколадни тонови, заедно со нијанси на вишна, цреша и богат сјај, ќе добиете коса која изгледа луксузно и скапо.

Оваа фризура делува елегантно, но и драматично истовремено, па е само за најхрабрите кои сакаат да бидат забележани каде и да се појават.
Зависно од вашата основна боја на косата и нијансите на фарба кои ќе се користат, резултатот кај секого може да делува различно - кај некои ќе преовладува кафеавиот, кај некои повеќе црвениот тон.

Погледнете во продолжение неколку варијанти:





M. M. | Црнобело