6 трендови за шминка што доминираат оваа зима
Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до бојата на вашата кожа.

Кога е во прашање шминка, треба да ги имате превид контурите на вашето лице.
Но, кога станува збор за бои и нијанси, слободно следете и трендови.
Шесте најпопуларни трендови за шминка за оваа година:
Кармин со бордо боја
Ако сакате повпечатлива шминка, без да трошите многу време, секогаш можете да ги нагласите усните со потемен кармин.
Оваа зима бордо нијансата е огромен хит.

Бордо сенка за очи
Бордо нијансата е популарна и кај сенките за очи.
Изгледа одлично на потемна кожа, а ако имате многу светла кожа, важно е да ја нанесете посуптилно и да ја искомбинирате со малку посветли тонови.

Нежно руменило
Додека усните и очите се понагласени, оваа зима хит е понежното руменило.
Изберете нијанса која е најблиску до бојата на вашата кожа и нанесете сосема малку, за да делува суптилно.

Смел ајлајнер
Ако сте повешти во шминкањето, тогаш слободно експериментирајте со ајлајнерот.
И, не мора да се ограничувате само на црна – слободно користете и подречливи нијанси.

Светкава сенка
Светките се неизбежни во празничната сезона, а оваа зима најголем хит е светкавата сенка.
Притоа, ќе ви помогне да постигнете впечатлив изглед, дури и ако немате талент за шминкање.

Здрав изглед на кожата
Можеби забележувате дека попопуларен природниот изглед.
Па, главен фокус нека ви биде негата на кожата, но и нејзината подготовка пред шминкање.
Без разлика дали ќе ставате пудра, ВВ крем или нешто друго, мора да ја подготвите кожата за шминката да изгледа добро.

Спирова С. | Црнобело
