6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата)
Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви се суши уште повеќе.

Вo зима, кожата на лицето е изложена на повеќе штетни влијанија – студениот воздух и ветрот повеќе ја сушат, а овде е и загадувањето на воздухот.
Па, негата во зима треба малку да се разликува од онаа во топлите месеци.
Шест грешки што сигурно ги правите, а можат да ви ја остарат кожата на лицето:
Многу често го миете лицето
Во зима, кожата е посклона кон сушење, а ако претерате со миење или користите многу агресивни продукти, само ќе го влошите овој проблем.
Идеално е да ја чистите кожата на лицето наутро и навечер, со нежно средство кое ја отстранува и шминката.
Не ја хидрирате кожата
Повторно бидејќи во зима кожата се суши повеќе, важно е и почесто да ја хидрирате. Ова важи дури и ако имате мрсна кожа.
Ако имате многу сува кожа, тогаш во зима можеби ќе ви треба и погуст крем за хидратација.

Не ставате крем со фактор
Само затоа што е зима, не значи дека сончевите зраци не ја оштетуваат кожата.
Важно е да нанесувате крем со фактор и во зимските месеци, а особено ако одите на планина или на скијање каде шансите да изгорите од сонце се многу поголеми.

Го миете лицето со жешка вода
Иако можеби ви се чини дека жешката вода подобро ја чисти кожата, не треба да ја користите за миење лице.
Жешката вода дополнително ја суши кожата.
Не внимавате кога ги нанесувате продуктите за нега
Некои продукти за кожа не треба да се нанесуваат пред да излегувате на сонце.
Ова обично е наведено на самите продукти, па следете ги инструкциите.

Ги занемарувате вратот и деколтето
И кожата на вратот и деколтето е понежна, како она на лицето, па важно е да ја негувате.
Истит продукти што ги користите на лицето можете да ги ставате и на овие области.
Спирова С. | Црнобело
