Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите
Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна или синтетичка навлака.

Брчките се сосема нормална појава, но сигурно не сакате самите да имате удел во нивното формирање.
Оние околу очите обично се најзабележливи, а постојат грешки со кои можете да го забрзате нивното создавање.
Пет грешки во рутината за убавина кои можат да имаат удел во ова:
Ја тегнете кожата кога нанесувате продукти
Кожата околу очите е деликатна и кога нанесувате крем, пудра или што било, мора да бидете нежни.
Никако немојте грубо да ги размачкувате продуктите или да ја тегнете кожата.
Кога нанесувате шминка, секогаш користете четка. Кога, пак, нанесувате крем или сличен продукт за нега, ставајте го со еден-два прсти, со нежно тапкање.
Спиете на стомак
Кога спиете на стомак, во текот на ноќта лицето се трие од перницата и по некое време кожата може да се оштети и да се соочите со порана појава на брчки.
Ако сепак преферирате да спиете на грб, тогаш вреди да вложите во навлака од свила.
За разлика од памучните и синтетичките навлаки, свилата е понежна за кожата.
Не користите крем со фактор
Кремот со фактор е задолжителен како за спречување на рана појава на брчки, така и за заштита на кожата од рак.
Никогаш не излегувајте од дома без крем со фактор и не заборавајте да го нанесете на областа околу очите.
Но, најдобро е да купите специјален крем со фактор за очи бидејќи голем дел од кремовите не се погодни за оваа област.
Користите многу агресивни состојки
Продуктите што ги нанесувате на лицето не секогаш се погоди за кожата околу очите.
Па, ако на продуктот наведено дека треба да се избегнува областа околу очите, тогаш послушајте го советот.
Исто така, за кожата околу очите избегнувајте продукти со многу агресивни состојки, како алкохол или продукти што ја сушат кожата.
Многу често користите маски за очи
Маските за околу очи се идеални за да ја негувате кожата, но не треба ни да претерате.
Обично на маските е наведено колку често можат да се користат, па следете ги овие препораки.
Во спротивно постои ризик да ја иритирате кожата и со текот на времето да ја забрзате појавата на брчки.
Спирова С. | Црнобело
