Нов бизарен потег на Трамп - не ѝ ја пушта раката на Брижит Макрон при ракување 13 секунди (вирално видео)
- Детали
- вторник, 16 јуни 2026
Во една пригода Трамп зборуваше дека Брижит се однесува „исклучително лошо“ кон Емануел, во многу други пригоди покажуваше моќ непријатно ракувајќи се со Макрон, а сега „жртва“ на неговото чудно ракување стана и Брижит. Видеото се прошири вирално...

Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон чудно и непријатно се ракуваа многупати досега, а тие имаа силно вирално ракување и во далечната 2017 година кога изгледаше како да се држат за раце цела вечност, но и многупати потоа.
Но, сега, „нова жртва“ на ракувањето на Трамп, е сопругата на Макрон, Брижит.

Инаку, претседателот на Франција и неговата сопруга го угостија Трамп на самитот на Group of Seven (Г7).
При пристигнувањето на самитот Г7, Трамп накратко се ракуваше со Макрон, а потоа ѝ пријде на неговата сопруга, ја бакна во образ, по што следуваше долготрајно ракување кое траело дури 13 секунди.

Ракувањето не делува воопшто пријатно, а се чини дека ист впечаток има и Брижит Макрон за време на овој потег на Трамп.
Овој гест следува откако Трамп го исмејувал бракот на Брижит и Емануел Макрон во период на ескалација на тензиите меѓу двајцата светски лидери. Говорејќи на приватен настан во април ја обвинил Брижит дека се однесува „исклучително лошо“ кон Емануел.

Подоцна, Емануел Макрон го критикувал Трамп, велејќи дека неговите коментари не биле ниту елегантни, ниту соодветни.
Инаку, Трамп и Макрон имаат долга историја на необични ракувања за време на нивните средби.
Погледнете го чудното ракување:
С. С. | Црнобело