Meланија Трамп во светкав фустан издоминира како некогаш - фатена за рака со Доналд Трамп
- Детали
- петок, 02 јануари 2026
Меланија и Доналд Трамп вљубени на новогодишната забава во неговата зимска резиденција. Меланија Трамп новогодишно блесна со модниот избор.

Меланија Трамп ја дочека Новата година заедно со сопругот Доналд Трамп на гламурозна забава во неговата резиденција Мар-а-Лаго (т. н. зимската Бела куќа), облечена во сребрен фустан со светки.
Покрај блескавиот металик фустан, кој го нагласи нејзиниот фит изглед, првата дама на САД избра и светкави чевли од брендот Christian Louboutin.

Доналд Трамп носеше смокинг.
Претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп присуствуваат на новогодишна забава во неговата резиденција Мар-а-Лаго.

Инаку, новогодишната забава во Мар-а-Лаго е долгогодишна семејна традиција која датира со децении.
Во минатото, пред времето на на Трамп, оваа ѕвездена забава привлекувала гости како Силвестер Сталоне, Тајгер Вудс, Марта Стјуарт и Серена Вилијамс.



С. С. | Црнобело
