Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази)
- Детали
- сабота, 06 декември 2025
Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозува финансиската стабилност со развод. Овде и нејзиниот син, Барон Трамп, за кој Меланија сака да се осигури дека ќе биде обезбеден за целиот живот.

Гласините дека Меланија не го поднесува Доналд Трамп не се ништо ново.
Иако се во брак веќе две децении, јавноста почна да им обрнува повеќе внимание за време на првиот претседателски мандат на Доналд.
И, оттогаш се имаат појавено безброј видеа на кои Меланија одбива да го фати Доналд за рака, изгледа мизерно покрај него и слично.
Имаше и гласини дека толку многу го презира, што за јавни настани Доналд најмил „лажна Меланија“, поточно актерка што се преправа во првата дама.
Овде се и шпекулациите за наводните афери на Доналд, како и тврдењата дека немаат ништо заедничко.
Па, со толку многу „докази“ дека не се среќни заедно, многумина се прашуваат зошто остануваат заедно.
Дел од теориите на јавноста зошто Доналд и Меланија уште се заедно:
На почетокот меѓу нив можеби имало љубов
Кога ја запознал Меланија во доцните 1990-ти, Доналд се гледал со неколку жени, па дури и барал совети од неговите блиски со која од нив да остане.
Доналд ја избрал Меланија бидејќи наводно вистински ја засакал. А, и Меланија му ги возвраќала чувствата.
„Таа го гледаше како да е бог, а тој ја гледаше како да е божица“, има споделено извор близок до парот.
Сепак имаат заеднички нешта
Иако делува како Меланија да е целосна спротивност од Трамп, извори блиски до парот сметаат дека имаат заеднички ставови за многу работи, како и заеднички вредности.
Дури и Меланија има изјавено нешто слично:
„Јас сум многу слична на мојот сопруг. Иста сум како татко ми – тој е семеен човек, ја цени традицијата, вреден е. А, потполно ист е и мојот сопруг“.
Меланија има финансиска корист од бракот
Некои извори велат дека бракот на Меланија и Доналд е како бизнис зделка, во која и двајцата пробуваат да добијат што е можно повеќе.
На пример, кога Трамп првпат беше избран за претседател, Меланија првично одбиваше да се всели во Белата куќа со него.
Иако тврдела дека сака да остане со син им Барон за да не мора да менува училиште, некои извори тврдат дека имала друга цел – да го промени предбрачниот договор.
„Знам дека Меланија сакаше да добива повеќе пари од Доналд. Исто така, од она што го знам, има одредено минимална сума што Барон треба да ја добие од Доналд“.
Тоа што не одела во Белата куќа било како уцена за Трамп.
