Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја споредуваат со Џеки Кенеди (фото)
- Детали
- среда, 29 април 2026
На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралицата Камила, Меланија Трамп несомнено доминираше. Првата дама се појави во елегантен Dior фустан и бели ракавици, а за изгледот доби само комплименти.

Кралот Чарлс и кралицата Камила се во официјална посета на САД, а синоќа (28.04) за нив беше одржана свечена вечера во Белата куќа.
Иако настанот е во чест на силната врска што ја изградиле САД и Англија низ годините, најмногу фокус имаше на првата дама.
Меланија Трамп ги засени сите на настанот и се појави со елегантен долг фустан во нежна розова нијанса, во комбинација со бели ракавици.
Фустанот, кој е од луксузниот бренд Dior, има корсет со впечатлив крој и разголени рамена, а Меланија ја споредуваа и со Џеки Кенеди.
Џеки Кенеди која беше прва дама на САД во раните 1960-ти, носеше сличен фустан во 1962 година.
Но, сите коментираат дека Меланија изгледа и подобро од Џеки, која своевремено важеше за модна икона.
„Прекрасен фустан. Нашата прва дама е пример за елеганција и класа“, „Меланија и фустанот се прекрасни. Неверојатно е како блеска во секоја боја. Не сум видела друга жена како неа“, гласат само дел од пофалбите за Меланија.
Доналд Трамп носеше црн фрак, а во сличен стајлинг се појави и кралот Чарлс.
Кралицата Камила, пак, носеше долг розов фустан и раскошен ѓердан.
Меѓу присутните на вечерата беше и ќерката на Доналд, Иванка Трамп, која исто така доби комплименти за изгледот.