Камила ја презирала Кејт Мидлтон – сметала дека е многу „обична“ за Вилијам, ја понижила пред свадбата
- Детали
- четврток, 14 мај 2026
„Камила цврсто стоеше на ставот дека идниот крал на Англија треба да се венча со жена со кралско потекло, или барем од аристократско семејство, а не со жена чија мајка растела во социјални станови и работела како стјуардеса“, пишува во нова биографија за Кејт Мидлтон според која кралицата Камила остро се противела на избраничката на Вилијам.

Кејт Мидлтон ги освои срцата на Британците уште пред да се венча со принцот Вилијам.
Откако стапија во брак и Кејт и официјално стана дел од кралското семејство, симпатиите кон неа само се зголемија.
Но, во најтесниот круг на семејството, Кејт имала и остар критичар – кралицата Камила.
Според новата биографија за Кејт Мидлтон од авторот Кристофер Андерсен, Камила се противела на нејзината врска со Вилијам и пробувала да го убеди да не се венча со неа.
Камила сметала дека Кејт била премногу „обична“ за да биде идна кралица.
„Камила мислеше дека Кејт не е погоден кандидат. Нема аристократска крв“, пишува авторот.
Според него, Камила имала понизно мислење и за самата себе – се гледала како љубовница на Чарлс, а не кралица и затоа сметала дека Дијана треба да биде негова сопруга, а не таа.
Тој вели дека и други во палатата го делеле мислењето на Камила.
„Луѓето како Камила не ја сакаа бидејќи сметаа дека е премногу ’обична‘ за да биде сопруга на иден крал.
На Камила не ѝ се допаѓаше што родителите на Кејт потекнуваат од работничка класа“.
оОдителите на Кејт, Керол и Мајкл Мидлтон, работеле во British Airways, а потоа создаде успешен бизнис за материјали и реквизити за прослави.
И, за Камила ова не било соодветно потекло за идната сопруга на Вилијам.
„Камила цврсто стоеше на ставот дека идниот крал на Англија треба да се венча со жена со кралско потекло, или барем од аристократско британско семејство, а не потомок на рудари, чија мајка растела во социјални станови и некогаш работела како стјуардеса“.
Истовремено, Камила сметала дека мајката на Кејт е „опортунист“ и била убедена дека кова некаков заговор за убаво да ја омажи ќерка си.
Во истата книга, авторот пишува и за настан со кој Камила и Чарлс ја понижиле Кејт ноќта пред нејзината свадба со Вилијам.
Правилното име на Кејт е Кетрин – на англиски Catherine. Но, тие посакале таа да го промени спалувањето на нејзиното име во Katherine.
Причината била кралскиот монограм а Чарлс и Камила.
На англиски и нивните имиња почнуваат со буквата C, па монограмот е латинската бувка C испишана под симбол со круна.
Бидејќи и монограмот на Кејт ќе треба да изгледа многу слично, тие сметале дека треба да си го промени спелувањето на името.
Ноќта пред свадбата тие ја прашале Кејт дали ќе сака да си го промени името од Catherine во Katherine, а според авторот, ова навистина ја навредило.
Дури и самиот Вилијам се разгневил и им рекол дека ова барање не било навреда само за Кејт, туку за целото нејзино семејство.
На крај, Чарлс и Камила се откажале од намерата.
Засега, никој од кралското семејство се нема огласено за новата биографија за Кејт.
За потсетување, Кејт и Вилијам се запознаа на факултет, а се свршија во 2010 година.
Свадбата ја направија во април следната година.
Спирова С. | Црнобело
