Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“
- Детали
- недела, 24 мај 2026
По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Серхио Караљо, кој е значително помлад од неа, и открива која е нивната тајна.

Каролин Станбери (50), ријалити ѕвезда од Велика Британија, е во брак е со поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Серхио Караљо, кој е значително помлад од неа.

Сега, таа за британските медиуми искрено откри која е тајната на нивниот успешен брак.

Каролин искрено изјави дека либидото на нејзиниот сопруг „е на друго ниво“ за разлика од другите мажи, но и дека нејзиното е навистина високо, и дека токму таа сексуална хемија е важен дел од нивната врска.

Каролин објасни дека на почетокот на врската со саканиот „биле како зајачиња“ во поглед на интимноста, а разликата во години им донела само добра енергија.

Таа додаде дека токму интимноста им помага и кога се караат:
„Така се смируваме… тоа е многу важен дел за нас“.


Серхио се согласува и вели дека свесно се труди да одржува простор за интимност во бракот, бидејќи, како што кажа, паровите лесно можат да ја изгубат таа хемија ако не се трудат.

