Драган Спасов Дац со моќна објава за бракот: „Да се живее со човек што го сакате, значи и да се пецкате за едноставни работи“
- Детали
- вторник, 16 јуни 2026
„Заедничкиот живот во брак не е лесен и тешко е да се одржува во рамнотежа секој ден. Да беше лесно, немаше да биде толку вредно. Без оглед на тоа што ќе се случи... се гледаме дома љубов моја“, емотивно вели Драган Спасов Дац, кој во секоја пригода на пиедестал ја става својата сопруга Весна.

Драган Спасов Дац е вљубеник во пишаниот збор и актерот неретко објавува свои моќни текстови, но сега сподели објава од непознат автор.
Овој пат на Фејсбук сподели моќни зборови на тема брак.
Тој долги години е со својата сакана Весна и не пропушта пригода да истакне дека таа е неговата втора половина и колку го цени бракот со неа.

Објавата гласи:
„Без оглед на тоа што ќе се случи... се гледаме дома љубов моја...
Многу луѓе мислат дека животот во брак е едноличен, во добра или во лоша смисла, но тоа не е вистинската состојба.
Животот со саканата особа не е онаков како што луѓето го замислуваат.
Не станувате наутро за појадок и не јадете заедно во кревет секое утро. Куќата не е секогаш чиста, а храната не е секогаш свежо припремена.
Да се живее со човек што го сакате значи и да се пецкате за едноставни работи, како на пример за тоа кој би требало да го фрли ѓубрето или кој да раскрене после ручекот, закачки околу финансиските проблеми, но и околу тоа кој повеќе навечер го влече јорганот кон себе.
Но, покрај сето тоа, се радувате на секојдневните средби со својата љубов или по враќањето дома, затоа што знаете дека некој ве чека.

Заедно се смеете кога работите нешто забавно. Тоа е интимност, тоа е заедничкото гледање филмови, понекогаш и заедничкото денгубење.
Бракот е и преживување на емоционалните кризи додека другиот седи до вас, ве гушка и ви говори дека ќе биде во ред, а вие му верувате.
Тоа е сакањето на својата љубов , дури и тогаш кога тоа ве излудува. Тоа е копнежот и ѕиркањето на часовникот кога се приближува времето на доаѓањето на саканата личност дома.

Животот со саканата особа се и секојдневите караници околу разни глупости, но тоа е сепак љубов, која многу луѓе ја бараат целиот свој живот.
Заедничкиот живот не е лесен и тешко е да се одржува во рамнотежа секој ден. Да беше лесно, немаше да биде толку вредно.
Без оглед на тоа што ќе се случи... се гледаме дома љубов моја“.

С. С. | Црнобело