Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“
Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не станувате рано наутро за појадок и не јадете заедно во кревет секое утро. Домот не е секогаш чист, а храната не е секогаш свежо подготвена. Да се живее со личноста што ја сакате значи и да се расправате за едноставни работи како тоа кој требало да го фрли ѓубрето или кој да ја раскрене масата.

Без оглед на сè што ќе се случи... се гледаме дома, љубов моја.
Многу луѓе мислат дека животот во брак е едноличен, во добра или лоша смисла, но тоа не е вистинската реалност.
Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат.
Не станувате рано наутро за појадок и не јадете заедно во кревет секое утро.
Домот не е секогаш чист, а храната не е секогаш свежо подготвена.
Да се живее со личноста што ја сакате значи и да се расправате за едноставни работи како тоа кој требало да го фрли ѓубрето или кој да ја раскрене масата.
Препирање за финансиски проблеми, но и за тоа кој повеќе го краде ќебето кон себе.
Но и покрај сето тоа, се радувате на секојдневната средба со таа личност и враќањето дома, бидејќи знаете дека некој ве чека.
Заедно се смеете кога правите нешто забавно. Тоа е интимност, тоа е заедничко гледање филмови, понекогаш и заедничко мрзоволие.
Бракот е и преживување на емоционални кризи, додека другата страна седи до вас, ве прегрнува и ви вели дека сè ќе биде во ред, а вие ѝ верувате.
Тоа е сакање на другата личност, дури и кога ве излудува. Тоа е копнеж и погледнување на часовникот кога се приближува времето за враќање на другата личност дома.
Животот со саканата личност ги вклучува и секојдневните кавги за глупости, но тоа е и љубов која многумина ја бараат цел свој живот.
Заедничкиот живот не е лесен и многу е тешко да се одржува во рамнотежа секој ден.
Да беше лесно, немаше да биде толку вредно.
„Без оглед на сè, се гледаме дома љубов моја...“
