Другарка ми е во брак. Мажот не ја допрел откако се породила. А ни пред тоа не се трудел баш.
Другарка ми верува во бракот. Верува во потписот. Верува во заклетвата. Во сè верува, само веќе не верува во нив. Жена во најубавите години. Желна за допир...

Српскиот писател Стефан Симиќ на својот Инстаграм профил сподели животна приказна на негова пријателка, во која ќе се пронајдат многу жени.
Тој преку нејзината објава дискретно порачува дека во брак не се останува поради децата.
Неговата објава:
„Другарка ми е во брак.
Мажот не ја допрел откако се породила.
А ни пред тоа
не се трудел баш многу околу неа.
Додека траела страста,
траеле и тие.
И сите оние ветувања
што луѓето ги даваат,
повеќе гледајќи како изгледаат пред другите,
отколку дали навистина можат да бидат заедно.
Се случи дете.
Се случи осаменост.
Пред тоа беше уметница.
Сега е само мајка.
Затворена меѓу четири ѕида,
додека животот минува покрај прозорецот.
Верува во бракот.
Верува во потписот.
Верува во заклетвата.
Во сè верува,
само веќе не верува
во нив.
Жена во најубавите години.
Желна за допир.
Желна за себе.
Наместо да води љубов,
ја допира само
сопствената осаменост.
Мислеше
дека детето ќе промени сè.
Не сметаше
дека луѓето можат да престанат
да се допираат,
а да останат заедно.
Си повторува:
„Ќе помине.“
А годините минуваат.
Спијат под ист покрив.
А се будат
секој во својот живот.