Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први оставаат?“

„Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во некоја поинаква ситуација. И не би ја оставил жената, тој ја сака стабилноста на бракот и рутината. Но, жената изневерува со срце...“, вели Момо Стефановиќ, експерт за врски од Белград.

ekspert-za-vrski-od-srbija-zoshto-mazhite-izneveruvaat-i-vo-srekjni-brakovi-zoshto-zhenite-prvi-ostavaat-01.jpg

Момо Стефановиќ од Белград е писател и експерт за врски, а во неговото гостување во емисијата „žENA za sva vremena” кај водителката Ена Попов проговори на тема неверства.

Тој нагласи дека мажите изневеруваат поради авантура, па дури и кога се во среќни бракови, а дека жените изневеруваат со срце и само тогаш кога нешто им недостига во бракот.

Неговиот став на тема неверства на прашањето од Ена Попов:

„Има многу случаи кога паровите биле среќни, се сакале, биле во идеални бракови, сè изгледало сјајно...

Нив и кога биле сами им било добро, сепак едниот ќе отиде и ќе направи нешто (некакво неверство)... Зошто?“

Момо вели:

„Затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во некоја поинаква ситуација.

Знаеш, не ми е потребна друга жена, јас тебе те обожавам, но потребна ми е друга верзија од себеси.

Таа одлука за неверство, зборувам од агол на маж, и, се разбира, не можам да генерализирам... Е дека ние мажите влегуваме во афери од најобична потреба за авантура, од љубопитност.

Видете само колку јавни куќи има за мажи, а колку за жени.

Ние некако полесно се одлучуваме за неверство од жените. Жената изневерува со срце!

Жената изневерува со срцето и најчесто изневерува затоа што нешто ѝ недостига во тој брак.

Мажите, пак, не изневеруваат затоа што нешто им недостига во бракот — апсолутно не.

Дури мажот не би ја ни заменил жената со друга кога би можело да дојде до тоа.

Мажите го доживуваат бракот како навика. И ние, мажите, живееме во рутина и во мир. Затоа ни се допаѓа бракот.

Затоа жените денес почесто се одлучуваат да излезат од брак, оставајќи ги мажите.

За мажите, тоа е губење на стабилноста, губење на она моето јас, машкоста, затоа што јас како маж се остварувам пред сè преку семејството“.

Кликнете на видеото за изјавата:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg