5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото
Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот сè почесто ги прескокнува бакнежите и прегратките кога излегува од дома.

Дури и кога пробуваме да скриеме некоја емоција, говорот на телото може да нè издаде.
Па, доколку партнерот крие нешто од вас, начинот на којшто се однесува може да ви биде показател за неговите мисли.
Ако ви се чини дека нешто не е во ред меѓу вас, а партнерот не ви кажал ништо, треба да обрнете внимание на неговиот говор на телото.
Бланка Коб, која е магистер по психологија и експерт за говор на телото, споделува некои знаци кои можат да бидат од помош.
Пред да го анализирате однесувањето на партнерот, Бланка Коб истакнува дека е важно да го имате предвид говорот на телото на партнерот од почетокот на врската до сега.
Таа вели дека сите сме различни и некои луѓе сакаат повеќе физички контакт, додека други се подистанцирани. Она на коешто треба да се фокусирате се промените во однесувањето на партнерот.
Па, кои се промените кои можеби се знак дека веќе не го привлекувате партнерот?
Кога стоите или седите еден до друг, меѓу вас има многу простор
Иако делува очигледно, обично не обрнуваме внимание на ова.
Пробајте да забележите дали партнерот седнува или застанува подалеку од вас отколку порано.
Кога врската не е во добра состојба партнерот можно е да пробува да се оддалечи физички или целосно да избегнува да ви се приближува.
Не делува среќно
Никој не е постојано насмеан, но обрнете внимание на изразот на партнерот кога е фокусиран на нешто друго – на пример миење садови, читање и слично.
Генерално, во ваквите ситуации, повеќето луѓе изгледаат смирено и задоволно.
Ако во последно време ви делува како да е потажен или позагрижен, а ви вели дека е во ред кога ќе го прашате што му е, можно е вашата врска да е во криза.

Избегнува да ве гледа во очи
Гледањето во очи е нешто на коешто секогаш треба да обрнувате внимание.
Ако партнерот избегнува да ве погледне во очи, тоа може да биде знак дека меѓу вас се создава оддалеченост.
Кога некој ве сака и се грижи за вас, гледањето во очи ќе му причинува задоволство и нема да го избегнува.
Помалку допири
Ако го привлекувате партнерот, тој секогаш ќе бара начин да ве допре, без разлика дали со држење за рака или само случајно.
Доколку претходно ваквите допири биле чести, но ги забележувате сè поретко, тоа може да биде знак дека партнерот не е среќен со вас и дека веќе не го привлекувате.

Помалку бакнежи и прегратки
За повеќето парови, бакнежот и прегратката се норма пред да излезат од дома или кога ќе се сретнат.
Доколку ова важело за вас, но сега забележувате дека партнерот ги прескокнува бакнежите и прегратките, можеби е знак дека неговите чувства се промениле.
Овие промени не мора да се однесуваат на вас
Важно е да се нагласи дека ако ги забележувате овие промени, не мора да значи дека вашата врска е осудена на пропаст.
Можеби партнерот минува низ тежок период, имал стресен ден или го мачи некаков проблем.
Затоа важно е да одвоите време за искрен разговор, да го најдете коренот на проблемот и заедно да пробате да најдете решение.
Спирова С. | Црнобело
