„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле порано во животот
„Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агресија и либидо. Некои луѓе може да се совршени еден за друг во буквално сè, но едноставно да не се соодветни еден за друг во кревет“ - искрени совети кои можеби ќе сакате да сте ги знаеле пред првпат да имате односи (а може да ви бидат од корист и денес).

Се сеќавате ли на вашите први интимни искуства? Има ли нешто што сега би направиле поинаку, или можеби би сакале да го знаете порано?
На Редит се отвори дебата на темата „Што е тоа нешто што посакувате некој да ви го кажел за сексот пред првиот пат?“.
Во одговорите може да се најдат секаков тип на коментари, но има и многу совети кои можеби некому ќе бидат од корист, а има и такви кои ќе ве насмеат.
Секс-совети кои можеби сте сакале да ги знаете порано во животот:
„Не пробувајте да перформирате како порно-ѕвезда“.
„Ако не уживате целосно, зборувајте отворено, кажете што би сакале, или каква положба повеќе преферирате“.

„Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агресија и либидо. Некои луѓе може да се совршени еден за друг во буквално сè, но едноставно да не се соодветни еден за друг во кревет“.
„Вистинската дупка е многу подолу отколку што можеби очекувате и многу поблиску до погрешната отколку што може да претпоставите“.

„Треба да знаете дека може да биде забавно и чудно истовремено, и тоа е во ред, дел е од шармот“.
„Предиграта е многу поважна отколку самиот чин, а предиграта не почнува секогаш во кревет, туку мнооогу порано. Не ја брзајте. Уживајте во времето заедно еден со друг и сексот ќе биде одличен“.

„Секогаш уринирајте по сексуален однос“.
*Жените кои не уринираат после секс се изложени на поголем ризик од циститис, односно воспаление на мочниот меур.
„Некои работи функционираат за многу жени, но ништо не функционира за секоја жена. Мора да учите за партнерот и да се приспособувате“.
„Не дозволувајте страста во моментот да ве натера да заборавите на сексуално преносливите болести – секогаш користете заштита“.

Фото: depositphotos.com
