Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени

„Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти и треба да сте 100% сигурни дека сакате да му помогнете да ги надмине“.

najgolemite-predizvici-shto-gi-nosi-brakot-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-spored-zheni01.jpg

Партнерот ви приредил волшебно запросување, сте ја направиле свадбата од соништата и сега следи вистинскиот предизвик – животот во брак.

Ако сте во брак со партнер што вистински го сакате и почитувате, а овие чувства се обострани, сигурно ќе уживате заедно.

Но, тоа не значи дека буквално секој ден ќе ви цутат рози и сè ќе биде совршено.

Брачните проблеми постојат дури и кај најсреќните парови, само треба да сте желни да ги надминете заедно.

На Редит, неколку омажени жени споделуваат кои се најголемите предизвици што ги почувствувале во бракот:

„Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти и треба да сте 100% сигурни дека сакате да му помогнете да ги надмине. Во спротивно, не треба да се измачувате и да останувате заедно“.

„Луѓето мислат дека бракот не менува ништо, но всушност менува сè. Одлуките што ги носите како брачен пар сега имаат влијание врз целото семејство, и тоа со години.

Одлуките што лесно сте можеле да ги промените кога не сте биле во брак, стануваат потешки откако ќе се венчате“.

najgolemite-predizvici-shto-gi-nosi-brakot-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-spored-zheni-05.JPG

„Никој не помислува на тоа дека можеби нема да може да има деца. Мојот брак се распаѓа поради нешто надвор од наша контрола.

Преживеавме неверство, отпуштања од работа, депресија, болест и алкохолизам, но фактот дека не можеме да имаме деца е најтежок“.

„Најтешкиот дел е што уште сте во брак кога сопругот ќе почине. Навистина е тешко да се биде вдовица“.

najgolemite-predizvici-shto-gi-nosi-brakot-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-spored-zheni-02.JPG

„Ќе треба да простувате за неговите грешки одново и одново. Некогаш им завидувам на луѓето кои живеат сами“.

„Најтешко е тоа што не можете да промените никој. Мора да се помирите со тоа каква личност е вашиот сопруг и да одлучите да го сакате и покрај сите недостатоци“.

najgolemite-predizvici-shto-gi-nosi-brakot-a-za-koi-nikoj-ne-zboruva-spored-zheni-04.JPG

„Живеам со мојот сопруг 48 години. Добро размислете за ова – можете ли да го издржите? Бара многу компромис, почит, емпатија, искреност и љубов“.

„Најтешко ми е тоа што сопругот може да прави што сака, кога сака. Јас ја немам таа можност.0

Ако сакам да се прошетам, треба да го прашам дали може да внимава на нашето дете барем еден час“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg