„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“
„Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга, без да си ја уништат врската. Па, бев скршена кога со сопругот поднесовме барање за развод по седум години брак, бидејќи тој се вљуби во неговата љубовница…“

Писателката Оливија Фејн од Англија забележала дека многу повеќе се зборува за отворени бракови.
Но, смета дека оние кои сакаат да му се приклучат на трендот, не се свесни за последиците.
Таа самата била во ваков брак, а вели дека токму тоа била причината за разводот од првиот сопруг.
За британскиот The Sun, таа ја споделува својата приказна:
„Со сопругот Крис се запознавме на 19-годишна возраст, како студенти на Кембриџ. Се согласивме да се гледаме и со други луѓе, а по три години врска, тој ме побара за жена, па имавме отворен брак.
Уште на почетокот ме освои интелигенцијата на Крис. Беше многу згоден и знаев дека никогаш нема дами биде здодевно сон го. Го сакав.
Па, не ми се веруваше дека по седум години, се разведовме. Нашиот отворен брак се распадна откако Крис се вљуби во друга жена.
Крис и јас бевме млади кога влеговме во нашиот отворен брак. Имавме различни правила. Јас имав дозвола да се бакнам со десет мажи и да имам една афера годишно.
Во првата година, бакнав десет други мажи. Ми беше убаво и секогаш им кажував дека сум во брак.
За Крис важеа други правила, тој можеше да има само една афера годишно, во период од две недели. Немаше некоја логика зад ова, само така го смисливме.
Аферата требаше да биде во странство и тој требаше да ми каже што и да го прашам. Искрено не сакав да знам детали, но сакав да ја имам моќта да можам да дознаам.
Искреноста беше клучното нешто во нашиот договор, па мислев дека отворената врска е генијална идеја и дека нашиот брак ќе издржи.
Ако го читате ова, можеби си помислувате дека сум била глупава и дека било јасно дека ќе заврши лошо. Но, јас искрено верував дека бракот не мора дa биде затворен.
Мислев дека луѓето можат да бидат вљубено во една личност, а да спијат со друга, без да си ја уништат врската.
Па, бев скршена кога по седум години брак, поднесовме барање за развод.
Крис ги прекрши правилата нa нашиот договор откако се вљуби во жена со која имаше афера.
На последното утро пред да се разведеме, ми рече ’Извини, пробував да не ја сакам оваа жена, но не можам‘.
Додека ми зборуваше, бев скршена, но исто така не бев изненадена. Можев да видам дека се случило тоа – беше овде, но само физички. Неговите мисли беа со неа, не со мене.
Со Крис имавме деца и иако бев очајно повредена, се посветив на тоа да бидам добра мајка.
Неколку години подоцна го сретнав мојот следен партнер, хирург по име Марк. Уште на почетокот му кажав дека никогаш нема да имаме отворена врска.
Заедно добивме две деца и заедно сме повеќе од 30 години. Марк е еден од најдобрите луѓе што ги знам и нашиот брак е заснован на доверба, љубов и почит.
Дури неколку години по разводот од првиот сопруг сфатив дека сме донеле незрела одлука кога сме се согласиле да имаме отворен брак.
Сега гледам дека поновите генерации мислат дека сексот и љубовта се нешто различно. Но, во мигот кога ќе спиете со некој друг, ја одземате довербата и близината што постои во бракот или сериозната врска.
Браковите и сите сериозни врски се изградени на доверба која се поткопува ако почнете да спиете со други луѓе“.
Спирова С. | Црнобело
