„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“

„Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во ситуација да донесам одлука што е сѐ или ништо, бидејќи сега чувствувам дека ќе биде ништо од нашиот брак'...“

mazh-mi-me-iznervira-i-si-zemav-pauza-od-brakot-001_copy.jpg

Кога сопругот на Марина (името е променето) одбил да ја однесе нивната ќерка на училиште во ден кога Марина била премногу болна за да вози, тоа било последната капка што ѝ ја прелила чашата.

„Му реков: ‘Те молам, навистина не сакам да возам од едниот крај на градот до другиот и назад. Можеш ли само да почнеш со работа 30 минути подоцна и да ја однесеш ти?’“, се присетува таа.

„Тој рече ‘Не’ и излезе низ вратата“.

Марина, вели дека овој инцидент дошол по години во кои чувствувала дека сама го носи целиот ментален товар на управување со семејството.

„Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во ситуација да донесам одлука што е сѐ или ништо, бидејќи сега чувствувам дека ќе биде ништо.’“.

mazh-mi-me-iznervira-i-si-zemav-pauza-od-brakot-01.jpg

Марина ја гледала брачната пауза како можност да ѝ стане појасно што навистина сака. А можеби и нејзиниот сопруг да добие време за размислување.

„Што сакам од овој брак?“

По речиси две децении како главен „менаџер“ во домаќинството, Марина вели дека била на крајот од силите.

„Кога ќе му кажев: ‘Ќе одиш ли до супермаркет?’, тој ќе застанеше пред фрижидерот и ќе прашаше дали ни треба млеко - не можеше да види сам“, вели таа за својот сопруг.

mazh-mi-me-iznervira-i-si-zemav-pauza-od-brakot-03.jpg

„Јас обично завршував така што ќе го напишев списокот, ќе ставев сѐ во календар - обврските на децата и што нѐ очекува како семејство.

А потоа тој ќе се налутеше ако заборавев на неговата сметка за телефон, и јас ќе му кажев: ‘Човече, ги имам децата и себеси и тон обврски за нас. Не можам да ја паметам и твојата сметка. Запиши си ја во календар...’

Навистина ми беше тешко тоа што морав секојдневно да го потсетувам за работи“.

Марина вели дека се обидела да му го објасни концептот на менталниот товар, но ништо не се сменило.

„Понекогаш, кога ќе се развикам, работите се завршуваат. Но, јас би сакала само да побарам, без нервоза и да биде завршено. Да не морам да вршам притисок и да викам „Ајде, ајде...“

Сопругот на Марина моментално не живее во семејниот дом за време на паузата. Таа вели дека децата добро ја прифатиле ситуацијата кога им објасниле дека земаат време за себе.

Им кажала дека немаат точен рок, но дека татко им ќе биде во близина и дека и понатаму ќе ги зема од училиште.

„Тие беа во ред со одлуката“.

Таа вели дека паузата, за неа, е време да размисли што сака таа од бракот, но и нејзиниот сопруг да размисли што сака.

„Едноставно не мислам дека му е грижа во моментов. Тој вели дека му е, но јас не го чувствувам тоа.

Му реков: ‘Можеби ќе сфатиш и ќе кажеш – всушност, не сакам да се вратам.’

И тоа е во ред...“

Дали и вам некогаш ви е потребна пауза од бракот?

Извор

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg