Снеже Велков со моќна објава: „Убавице, престани да чекаш погрешен човек да те сака на вистински начин“
- Детали
- понеделник, 30 јуни 2025
„Лепотице... Престани да се радуваш дека ти пиша од нигде никаде, доста ставаш запирка таму каде треба да ставиш точка“ - пишува Снеже, која за своите стихови сака да каже дека се „љубовни шепотења“.

Познатата македонска водителка, Снеже Велков, е голема вљубеничка во поезијата.
Таа често пишува песни, или проза во стихови, па своите мисли знае да ги сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи.

Зборовите на Снеже се искрени, од срце и често пренесуваат моќна порака во која се пронаоѓаат многу жени.
Така беше и овој пат - нејзините последни стихови, кои Снеже милува да ги нарече „љубовни шепотења“, предизвикаа бројни позитивни коментари и пофалби за водителката.

Ова е нејзината објава со силна порака за сите жени:
„Лепотице...
Престани да се радуваш дека ти пиша од нигде никаде,
Доста ставаш запирка таму каде треба да ставиш точка.
Престани ма од другарките да бараш потврда дека е супер што не се јавува по три дена ама четвртиот и петтиот е достапен.
Престани да го чекаш да се појави...
Еј Престани да ги голташ прашањата што пред секоја средба се токмиш да му ги поставиш.
Престани лепотице да го гушкаш и молиш уште 5 минути да остане додека брза оти "има битна работа".
Престани ма лепотице ти да кажуваш "извини" таму каде треба тој.
Престани да ја отвораш вратата која ти ја заклучуваат одвнатре.
Престани да му ги оправдуваш изговорите, испадите и глупостите.
Престани да чекаш правилен одговор од погрешен човек.
Престани ма лепотице да чекаш погрешен човек да те сака на вистински начин...“
А. Ј. | Црнобело
