Дац (62) не може да тргне поглед од сопругата - Ја гледа вљубено, страстно ја бакнува (видео)
- Детали
- петок, 20 јуни 2025
Додека со Александар Митевски ја пеат „Уште ми фалиш“, Дац ја прегрнува својата Весна, ја гледа вљубено, ѝ кажува стихови од песната, а потоа страстно ја бакнува пред сите во публиката.

Актерот и музичар, Драган Спасов Дац (62) долги години е во љубов со својата сакана Весна, а со која стапи во брак во 2022 година, на денот на својот 59-ти роденден.
Но, се чини, долгите години поминати заедно не ја намалиле љубовта што ја чувствува кон неа, напротив, таа како да гори уште посилно со секој изминат ден.

Колку ја сака својата Весна, Дац покажа и на еден од последните настапи, каде што со Александар Митевски пееја во еден скопски локал.
Додека ја пееја нивната добро позната „Уште ми фалиш“, Дац ја качи сопругата на бината, ја гледа вљубено и ѝ кажува стихови од песната: „Ми фалиш како солза на окото, ми фалиш до болка. Барем по грешка да се јавеше“, а потоа страстно ја бакнува пред сите во публиката.

Видеото од романтичниот момент го објави на својот Инстаграм профил.
Кликнете за да го погледнете:
А. Ј. | Црнобело