Драган Спасов Дац и неговата сакана Весна се венчаа – таа тајно ја организирала венчавката како изненадување за роденден (фото+видео)

„Ова може само оваа до мене лудача да ми го направи, браво, сега стварно се потресов!“ - вели актерот. Со тајна организација, заедно со најблискиот круг на семејството и пријателите, партнерката на Дац купила бурми и викнала матичар на неговата роденденска забава, каде ја крунисаа љубовта - ексклузивни фотки и видео од прекрасниот момент, за CRNOBELO.com.

dragan-spasov-dac-i-negovata-sakana-vesna-se-venchaa-taa-tajno-ja-organizirala-venchavkata-kako-iznenaduvanje-za-rodenden-foto-video-01.jpg

По повеќе од една деценија љубов и заеднички живот, Драган Спасов Дац и неговата избраничка Весна официјално стапија во брак на 19.04.2022.

„Знам дека таа е целиот мој живот и таа е жената која точно се вклопи во моето сè. Љубов, огромна љубов е во прашање, а тоа е единствениот рецепт за среќа...“, изјави во една прилика Дац за CRNOBELO.com за својата сакана.

dragan-spasov-dac-i-negovata-sakana-vesna-se-venchaa-taa-tajno-ja-organizirala-venchavkata-kako-iznenaduvanje-za-rodenden-foto-video-002.jpg

Денес, на 20-ти април 2022, нашиот актер полни 59 години, а по тој повод имаше роденденска забава минатата вечер во скопскиот локал Трибека, каде истовремено имаа и свирка заедно со Александар Митевски.

Како изненадување на вечерта, неговата долгогодишна партнерка Весна, во најголема тајност, со помош од сестрата на актерот, кумот Александар Митевски и нивните најблиски пријатели, организираше венчавка.

dragan-spasov-dac-i-negovata-sakana-vesna-se-venchaa-taa-tajno-ja-organizirala-venchavkata-kako-iznenaduvanje-za-rodenden-foto-video-03.jpg

Весна имала возбудлив период во кој морала да организира матичар, да избере и купи бурми, да нарача бидермаер, а за сето тоа никако да не дознае нејзиниот партнер.

Во прекрасна атмосфера, во кругот на најблиските, но и на гостите во локалот, со насмевки на лицето, Драган и Весна го ставија својот потпис и ја крунисаа љубовта на која сведочеа кумот Александар Митевски и старосватицата Сандра Гавриловска.

dragan-spasov-dac-i-negovata-sakana-vesna-se-venchaa-taa-tajno-ja-organizirala-venchavkata-kako-iznenaduvanje-za-rodenden-foto-video-04.jpeg

Во еден момент од вечерта, Александар Митевски ја пее „Happy Birthday“ за да му го честита роденденот на Драган, а веднаш потоа со музика доаѓа невестата со вел кон него на бината, додека тој целосно изненаден и со насмевка ја пречекува.

„Ова само може оваа до мене лудача да ми го направи, не ми се верува. Браво! Е сега стварно се потресов“ – вели Драган на микрофон.

Честитки за парот!

Видео од изненадувањето:

Ексклузивни фотографии:

dragan-spasov-dac-i-negovata-sakana-vesna-se-venchaa-taa-tajno-ja-organizirala-venchavkata-kako-iznenaduvanje-za-rodenden-foto-video-03.jpeg

dragan-spasov-dac-i-negovata-sakana-vesna-se-venchaa-taa-tajno-ja-organizirala-venchavkata-kako-iznenaduvanje-za-rodenden-foto-video-02.jpeg

dragan-spasov-dac-i-negovata-sakana-vesna-se-venchaa-taa-tajno-ja-organizirala-venchavkata-kako-iznenaduvanje-za-rodenden-foto-video-05.jpeg

dragan-spasov-dac-i-negovata-sakana-vesna-se-venchaa-taa-tajno-ja-organizirala-venchavkata-kako-iznenaduvanje-za-rodenden-foto-video.jpg

dragan-spasov-dac-i-negovata-sakana-vesna-se-venchaa-taa-tajno-ja-organizirala-venchavkata-kako-iznenaduvanje-za-rodenden-foto-video-06.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се ожени синот на Дац – ексклузивни фотографии од свадбата на актерот Јаков Спасов и неговата сакана... „Ме запроси сосема во наш стил, си седевме по дома, баравме кој филм да гледаме ...
Автентична фотосесија на пар од Ресен на овоштарник со јаболка во Преспа, по повод роденден (фото) „Фотосесијата ја организирав за неговиот 23-ти роденден затоа што во Преспа сега...
Вирален статус на Драган Спасов Дац: „Скопје мое, те плукаат ли? Но, им кажа ли за плажите на Вардар... „Скопје, им кажа ли за плажите на Вардар? За корзото на плоштад и за корзот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg