Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разводот и борбата со алкохолизмот
- Детали
- понеделник, 11 мај 2026
Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, зборуваше отворено за борбата со алкохолизмот, па убавата Србинка Ана му го освои срцето... Заедно ја добија ќерката Алексеја, а сега Александар објави први фотки од неа. Му тргна на секое поле, а пред извесен период тој беше и на турнеја со Драгана Мирковиќ.

Пејачот Александар Јосифовски, кој ужива во љубовта со Србинката Ана, стана татко во првата половина од мај.

Неговата сакана се породи и на свет донесе девојче, кое го доби името Алексеја, а сега тој објави фотка како се гушка со својата мала наследничка.

Рокерот кој се прослави во Ѕвездите на Гранд ужива во својата нова животна улога.

По Ѕвездите на Гранд тој се разведе од првата сопруга, со која беше 8 години во брак.
Александар Јосифовски во минатото отворено проговори и за својата тешка борба со алкохолизмот, признавајќи дека консумирал алкохол уште од тинејџерските денови.
Поради сериозноста на ситуацијата, побарал стручна помош и користел блокатори за да ја надмине зависноста.

Александар со семејството:

С. С. | Црнобело