Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“
- Детали
- вторник, 09 септември 2025
„Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам на крстарење, ми викаат да ти го провериме стомакот, наеднаш зборуваат на грчки, не ги разбирам...“, вели Ана Стојанова која поради силни болки наместо на крстарење, за жал, заврши во болница.

Ана Стојанова, која години наназад работи како онлјан фитнес тренер, се огласи од болница во Волос, Грција.
Таа оттаму требаше да исплови на патување со своите клиентки, односно кориснички на онлајн програми за слабееење и фит изглед, но за жал нејзината армија, како што си ги нарекува таа самата, исплови без неа, а таа заврши во болница, поради напад на слепо црево.
Ана Стојанова во видеото вели:
„Екипо, за жал бродот на Пич Арми мораше да исплови без капетанот.
Јас сум добро, моментално се наоѓам во болница во грчкиот град Волос.

Вчера имав напад на слепо црево и ме задржаа тука.
Ми закажаа итна операција, ама за среќа, за чудо, утрово резултатите се добри и ми рекоа дека најверојатно ќе поминам само со антибиотици.

Ќе останам уште една вечер тука, ќе ме следат, ќе видат како ќе реагирам на храна затоа што не сум јадена скоро ништо два дена.
Не знам како се најдов тука, значи спремна, едвај чекав да испловиме, го чекав ова патување.

Мислев дека ми е од патот бидејќи и онака имам низок притисок, мислев дека ќе се реши сè веднаш.
Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, наеднаш зборуваат на грчки, не ги разбирам, си викам – добро, докторот го учи дечково, млад беше и стоеше до него...
И им викам – како се вестите, почнувам веќе да паничам, затоа што јас сè на смешка терам.
Ми вика – па, не се најлоши.

