Александар Јосифовски доби ќерка - Со саканата во болница по породувањето, му ја кинеа кошулата на настап
- Детали
- сабота, 09 мај 2026
„Ти благодарам што беше храбра и успешно ја донесе на свет нашата Алексеја. Да ни е жива и здрава ќеркичката наша“, напиша пејачот по раѓањето на бебето.

Пејачот Александар Јосифовски, кој веќе некое време ужива во љубовта со Србинката Ана, стана татко.
Неговата сакана се породи и на свет донесе девојче, кое го доби името Алексеја.

Јосифовски објави фотка од болница, по породувањето на Ана, со порака:
„Ти благодарам што беше храбра и успешно ја донесе на свет нашата Алексеја. Да ни е жива и здрава ќеркичката наша“.

Александар имаше и настап по раѓањето на бебето, па членовите на неговиот бенд освен што на гостите во ресторанот им открија дека тој станал татко, му ја кинеа и кошулата среде настап.

Ова е прво дете на пејачот, кој се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а кој пред Ана, беше 8 години во брак, но лани се разведе.


А. Ј. | Црнобело