По разводот, Александар Јосифовски има нова љубов: „Ана ме учи на нежност и трпение“
- Детали
- четврток, 12 јуни 2025
„Разводот беше тежок момент, но потребен. Сега сум во врска со прекрасна жена - силна, самосвесна и успешна во својата кариера, која не е само моја поддршка, туку и моја инспирација“ - вели за CRNOBELO.com Александар Јосифовски, кој е заљубен во Србинката Ана.

Александар Јосифовски, кој во април откри дека се развел по 8 години брак, повторно е заљубен и среќен.
Пејачот, кој се стекна со балканска популарност преку шоуто „Ѕвездите на Гранд“, каде што заврши на второто место, во краток период двапати ја изненади јавноста - прво со изјавата дека веќе не е во брак со сопругата Теодора, а потоа и кога почна да споделува фотографии со девојка, покрај која делува насмеано, заљубено и среќно.

За CRNOBELO.com, Александар потврди дека има нова љубов и дека е навистина среќен.
За девојката, пак, ни кажа дека се вика Ана Павиќ од Србија и дека се заедно неколку месеци.

„По периодот на тишина и лични превирања, денес сум повторно исполнет - со нова љубов покрај себе, со музиката како моја вечна придружничка и со стабилност која ми ја носи зрелоста.
Разводот беше тежок момент, но потребен.

Сега сум во врска со прекрасна жена - силна, самосвесна и успешна во својата кариера.
Таа не е само моја поддршка, туку и моја инспирација.
Секој ден учиме еден од друг - таа ме учи на трпение и нежност, а јас ја внесувам во светот на музиката, полн со ритам, емоции и искреност“, ни кажа Јосифовски.
Повеќе фотографии во продолжение:




Прочитајте и Александар Јосифовски се разведе по 8 години брак: „Одлуката не беше лесна“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело