Александар Маленко, по петтиот брак и животот во Словенија: „Се вратив во Македонија, тука ми се децата“
- Детали
- четврток, 30 април 2026
Нашиот најдобар пливач на сите времиња, долго време живееше во Словенија со петтата сопруга, а сега открива дека повторно се преселил во земјава.

Александар Маленко (47) е нашиот најдобар и најтрофеен пливач, но и јавна личност со најмногу бракови кај нас.

По четири разводи, тој се ожени и петти пат со пливачката од Словенија, Метка Спаравец, а се венчаа во 2021-ва.
И иако долго време живееше во Словенија, сега е во Скопје - откри Александар во своето прво телевизиско интервју по долго време, во емисијата „Фидбек со Елена“.

Запрашан дали е вратен во земјава, тој потврди и рече дека повторно живее во Скопје. Но, родниот Охрид, му е сепак на првото место.
„Не затоа што сум роден охриѓанец, ама на сите реклами за државата, поважен е Охрид“, кажа тој во интервјуто.

Во емисијата, тој зборуваше за предизвиците во пливањето и тренерската работа, а откри и дека самиот неодамна решил да оди во спортска пензија, зашто не се пронаоѓа себеси во тоа што го носи модерното време и во спортот.
„Се врати во Македонија? Тука си, остануваш овде или пак ‘бегаш’ некаде надвор?“, го праша водителката Елена Митева.

На ова, Маленко одговори:
„Не бегам од никого никогаш. Морав да заминам затоа што професијата налагаше и животните потреби.
Но, да, дефинитивно тука сум. Тука ми се и децата и планирам да се посветам на спортско-пензионерски, релаксиран живот и само убави работи да се случуваат“.
