Александар Маленко, по петтиот брак и животот во Словенија: „Се вратив во Македонија, тука ми се децата“
Александар кажа и дека поради работата што ја има и како тренер, не знае како да се опушти, ниту, пак, се сеќава кога последен пат бил на одмор.
„Генерално, никако не се опуштам. На одмор не сум бил, не знам што е одмор. Не знам што е празник.

Но, сега во овој период, откако одлучив спортски да се пензионирам… а тоа е моја лична одлука, ќе се посветам на себеси, па можеби ќе имам време за релаксација“, рече во интервјуто.
За потсетување, Маленко имаше бурни периоди во кариерата, особено откако беше назначен за прв човек на пливачката федерација на земјава, а потоа се создаде нејзина фракција и луѓе кои го прогласија за ненадлежен да управува со неа, па и самите создадоа нова федерација.
На приватен план, пак, четирипати е разведен, а во моментов е во петти брак.
Со ќерката Лора
Тој прво се ожени со пејачката и водителка Сузана Турунџиева со која ја има ќерката Лора, и која е негова единствена ќерка.

Втора сопруга му беше актерката Јелена Жугиќ со која го има синот Ахил, потоа со Русинката Татјана Михајловна - Фјодорова, со која исто така има син, а потоа и со охриѓанката Фани, со која има два сина.
Синовите од бракот со охриѓанката Фани
Погледнете ја целата емисија:
А. Ј. | Црнобело