Ана, техничар за нокти од Скопје: „Работиш 8 часа минимум, без пауза, 7-мо кафе веќе оладено, грбот ти се распаѓа“
- Детали
- среда, 03 септември 2025
„Што мислат за оваа професија луѓето: „Не може да ти биде напорно, седиш по цел ден“. Реалност: „Колена во чвор, врат блокиран, физиотерапевтот ме знае повеќе од семејството“...“, вели Ана Павловска, техничар за нокти и интернационален мастер едукатор.

Ана Павловска е техничар за нокти и интернационален мастер едукатор со 16-годишни работно искуство во „X-Treme ACADEMY“.
Таа за работењето на оваа професија вели: „Следниот пат кога ќе слушнеш дека е „лесна работа“ – сети се дека зад секој сет нокти стои енергија, знаење, нерви и многу љубов за професијата“.

Ана вели дека работата на техничарите за нокти не е баш така лесна како што си претпоставуваат некои луѓе.
Таа прави споредба помеѓу очекувањата и реалноста за оваа професија:
„Што мислат луѓето дека прават техничарите за нокти vs. што навистина прават:
Што мислат: „Седиш, пиеш кафе и ‘мачкаш’ лак“.
Реалност: „Работиш 8 часа минимум, без пауза, 7-мо кафе веќе оладено, грбот ти се распаѓа“.

Што мислат: „Тоа ти е некое хоби“.
Реалност: „Хоби од кое живееш, плаќаш сметки, данок, натпревари, едукации и терапија за клиентите“.

Што мислат: „Не може да ти биде напорно, седиш по цел ден“.
Реалност: „Колена во чвор, врат блокиран, ментална блокада во 3 фази, физиотерапевтот ме знае повеќе од семејството“.

Што мислат: „Работиш само со убави жени“.
Реалност: „Работам и со убави и со нервозни и со гладни и со „Ајде побрзо“ и со „Јас би сакала нешто друго на ноктите ама не знам што“.

Што мислат: „Лесно ти е тоа, само ставаш гел и готово“.
Реалност: „Констриурам форма, турпијам под агол на наша прецизност, дишам на лева ноздра за да не се помести нешто“.

Што мислат: „Забавно ти е секогаш“.
Реалност: „Забавно да, додека не почнам да го отстранувам гелот што е носен 643 месеци“.
С. С. | Црнобело
