Емина Јаховиќ искрена: „Научив да готвам во бременоста, немав што да правам, а после Мустафа не сум имала таква љубов“
- Детали
- вторник, 16 јуни 2026
„Немав што друго да правам во блажена состојба и научив да готвам. Се селам на секои 2 години, сега сум во европскиот дел на Истанбул. Кога се селев дадов многу брендирани парчиња на девојка која требаше да ги продаде за хуманитарни цели, но ми ги украде и исчезна“ – Емина Јаховиќ искрено за приватниот живот, кариерата, децата и љубовта.

Емина Јаховиќ неодамна гостуваше во емисијата на Гоца Тржан, каде во опуштен разговор откри интересни детали од животот.
Таа зборуваше за приватниот живот, за љубовта, односот со децата, живеалиштето во Турција, играше игри и сподели интересни моменти и анегдоти.

„Кога се преселував, имав некои работи кои беа брендирани, скапи и добри, нови, неносени многу, можеби и никогаш и одлучив да ги продадам преку некој сајт и парите да ги дадам во хуманитарни цели.
Дојде наша девојка од Црна Гора, дојде со приказна дека ќе биде така, ми покажува како ќе изгледа тоа, одвоив чанти, чевли, сè, не можев да ги носам со мене.
Имаше многу работи, но никогаш потоа не ми се јави, сите работи ми ги украде.
Ми беше тешко не заради тоа што ги немам работите, туку затоа што мислев дека ќе направам нешто добро“.
За децата, но и домаќинството, одговара на повеќе прашања од Гоца и открива:
„Добри се, скромни и нормални деца, дури и прескромни за условите во кои се родија и пораснаа.
Јаман ми се јавува 5 пати на ден, а помладиот помалку. Ако не може да ме добие се јавува кај сите мои пријатели. Тој е поприврзан за мене и е поснаодлив, а јас сум повеќе за Јавуз, затоа што е помал и понежен.
Се селам на 2 години, сакам да се селам. Сега пред 2 месеца се преселив од азискиот во европскиот дел на Истанбул.
Сакам да менувам простор во кој живеам, ентериер, во зависност и од расположение. Некогаш потемни, некогаш посветли бои, не сакам долго на едно место да бидам.
Готвам да. Во бременоста научив да готвам, затоа што немав што да правам, што друго да правам во таа состојба? Сакав нешто ново да научам...“
Емина признава дека уште верува во љубов, но по разводот со Мустафа, не ѝ се случила толку силна и вистинска љубов, иако би сакала.
„Се преселив во Истанбул заради љубов и воопшто не размислував. Таква љубов не ми се случила во животот после тоа.
Заљубена сум во љубов. Ја сакам љубовта. Апсолутно би сакала да ми се случи пак тоа. Мислам дека постои маж кој ќе ме сака како што сакам.
Само времето некогаш е за кариера, некогаш за децата, пријателите, животот е таков, доаѓа време и за љубов.
Откако се разведов, имаше назнака за нешто налик љубов, но вистинска љубов за жал не. Човекот од моите соништа треба да изгледа убаво, но не сум тип кој само физички се заљубува.
Сакам однос каде можеш да бидеш тоа што си, без преправање, глумење...“
Погледнете ја цела емисија:
М. М. | Црнобело